Странски печат 27.04.2021

Еве ги позначајните наслови во странските средства за информирање...

1629047
Странски печат 27.04.2021

Германскиот информативен портал „ard.de“: Европската унија (ЕУ) поднесе тужба против компанијата АстраЗенека со образложение дека ги прекршила договорите за продажба на вакцина (против Ковид-19).

Германскиот информативен сервис „Дојче Веле“: Претседателите на Германија и Франција Франк-Фалтер Штајнмаер и Емануел Макрон кои се состанаа во Париз ја дадоа пораката дека Европа која поради пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) поминува низ тешко време под итно треба да се „обедини“.

Германскиот информативен портал „zdf.de“: Бројот на случаите на коронавирусот во Индија пет дена како по ред е на рекордно ниво од над 300 илјади инфектирани.

Арапскиот весник Ал Кудс Ал Араби“ кој се објавува во Лондон: Германија: Нападот од страна на еден расист во воз врз еден сириски младинец стана причина за гнев.

Арапскиот весник Ал Кудс Ал Араби“ кој се објавува во Лондон: Саудискиот крал Салман бин Абдулазиз го покани катарскиот емир Шејх Тамим бин Хамад Ал Тани го покани да ја посети Саудиска Арабија.

Катарскиот весник Ал Раја Ал Катарија“: Катар го поддржува зајакнувањето на безбедноста и стабилноста на Саудиска Арабија.

Францускиот весникЛе Паризиен“: Ковид-19 во Франција: Франција ги заостри контролите на своите граници за спречување на индиската варијанта на новиот тип коронавир (Ковид-19). 

Францускиот весникЛе Фигаро“: Франција ќе испрати респираторна опрема на Индија.

Швајцарскиот весникЛе Темпс“: Пензионираните генерали кои напишаа писмо до претседателот Емануел Макрон повторно го разбудија стравот од воен удар во Франција.

Шпанскиот весник „Ла Вангардија“: Областа Каталонија отсега очекува на секои седум дена да добие помеѓу 400 илјади и 450 илјади дози вакцини.

Шпанскиот весник „АБЦ“: Перуанските научници работат на нова варијанта на Ковид-19 која на изглед се појавила од Перу или Чиле и веројатно се проширила на другите земји.

Кубанската новинска агенција „Пренса Латина“: Парламентарната комисија за истражување денеска почнува да ги истражува веројатните прекршувања на Владата на бразилскиот претседател Жаир Болсонаро пред пандемијата на новиот тип коорнавирус Ковид-19 во Бразил.

Руската новинска агенција „РИА Новости“: Руското министерство за надворешни работи соопшти дека до крајот на месец мај ќе се повлечат од Договорот за отворено небо.

Руската новинска агенција „ТАСС“: Францускиот претседател Емануел Макрон во телефонскиот разговор го информираше францускиот претседател Владимир Путин за остварената средба во Париз со украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Рускиот весник „Комерсант“: Рускиот фонд за директни инвестирања (РДИФ) планира почнувајќи од 1 мај да ја извезува во Индија равзиената вакцина „Спутник В“ против новиот тип коронавирус (Ковид-19).

 



Слични вести