Странски печат 22.04.2021

Еве некои позначајни случувања за кои известуваат странските средства за информирање

1626275
Странски печат 22.04.2021

 

Германски „zdf.de“ истакнува дека законската регулатива со којашто се предвидува спроведување на истите мерки против новиот вид коронавирус низ цела Германија беше одобрена од Парламентот.

Германски „Welt.de“ истакнува дека рускиот претседател Владимир Путин го предупреди Запад да не ги преминува црвените линии на неговата земја.

Германски „spiegel.de“ истакнува дека Европската унија (ЕУ) постигна договор за намалување на емисиите на стакленички гасови за 55 проценти до 2030 година во споредба со нивото од 1990 година.

Катарскиот весник „Ел раја“ истакнува дека Катар, Турција и Обединетите нации објавија дека се одложи Конференцијата во Истанбул.

Катарскиот сателитски ТВ-канал „Ал Џезира“ истакнува дека Опозицијата во Чад го одби воениот совет по атентатот врз претседателот Идрис Деби. Меѓународните сили повикаа на мирна транзиција.

Арапски „Ел кудс Ел араби“ истакнува дека членството на Сирија во Организацијата за забрана на хемиското оружје е суспендирано поради „хемиски злосторства на режимот“.

Шпански „Ел Паис“ истакнува дека кандидатите кои се состанаа во живо пред локалните парламентарни избори што ќе се одржат во Мадрид на 4 мај, бројките на смртните случаи од Ковид-19 ги искористија едни против други.

Мексикански „Ел Универзал“ истакнува дека властите предупредија дека во државата Идалго има најмалку 3 варијанти Ковид-19.

Мексикански „Milenio.com“ истакнува дека потпретседателот на САД Камала Харис во јуни ќе го посети Мексико.

Француски „Ле Монд“ во веста во врска со Ковид-19 истакнува дека францускиот претседател Емануел Макрон сака да ја отстрани недовербата кон вакцината АстраЗенека.

Францускиот меѓународен ТВ-канал „Франс 24“ истакнува дека  Емануел Макрон ќе присуствува на погребот на претседателот на Чад, Идрис Деби.

Француски „Ле Фигаро“ истакнува дека Индија го сруши светскиот рекорд со бројот на случаи. За 24 часа се регистрирани приближно 315.000 нови случаи.

Агенцијата „Риа Новости“ истакнува дека претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин, во говорот пред Федералното собрание, ги предупреди оние кои се подготвуваат за провокација против Русија за негативните последици од овие политики.

Рускиот весник „Известија“ истакнува дека чешкиот министер за надворешни работи Јакуб Кулханек побара сите депортирани чешки дипломати повторно да бидат примени во Русија.

Руската агенција „ТАСС“ истакнува дека Русија протера 10 лица од американската амбасада. Американскиот амбасадор во Русија ја напушти својата резиденција во Москва.



Слични вести