Странски печат 21.04.2021

Еве ги позначајните наслови во странските средства за информирање...

1625470
Странски печат 21.04.2021

Арапскиот весник Ал Кудс Ал Араби“ кој се објавува во Лондон: Турција соопшти дека конференцијата за Авганистан што ќе се одржи во Истанбул е одложена за после месецот на постот Рамазан.

Арапскиот весник Ал Кудс Ал Араби“ кој се објавува во Лондон: Израел со воспоставување на контакт со Бахреин и со состанок со Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) ги „зајакнува своите односи“.

Катарскиот информативен сервис Ал Џезира“: Специјалниот претставник на палестинскиот претседател Набил Шаат говореше за можноста од одложување на изборите во Палестина. 

Катарскиот информативен сервис Ал Џезира“: Предлог закон во Турција за формирање на парламентарни групи за пријателство со Египет и Либија.

Германскиот информативен портал „Zeit.de“: Германските железници (Дојче Бахн) поради монополските договори мора да и плати 48 милиони евра казна на Европската комисија (ЕК).

Германската новинска агенција „ДПА“: Украинската криза - Русија започна воена вежба во Црното Море.

Германскиот весник „Алгемајне Цајтунг“: Потрошувачите во Германија поради коронавирусот во 2020 година потрошија просечно по 1.250 евра помалку. 

Францускиот весникЛе Монд“: Според Европската агенција за лекови (ЕМА), и покрај реткото згрутчување на крвта вакцината на „Џонсон и Џонсон“ е доверлива.

Францускиот весникЛе Фигаро“: Вакцините: Францускиот претседател Емануел Макрон рече дека постојат „потешкотии“ во убедувањето на граѓаните по прашањето на вакцината „АстраЗенека“.

Швајцарскиот весникЛе Темпс“: Европската унија (ЕУ) прифати до 2030 година да ги намали за најмалку 55 отсто емисиите на јаглерод.

Шпанскиот весник „Ел Паис“: На Автиномните управи во Шпанија им се испратени 150 илјади дози вакцини од вакцината Џонсон и Џонсон која се применува во една доза.

Шпанскиот весник „Ел Мундо“: Главниот град на Шпанија, Мадрид е одлучен да ги продолжи ограничувањата поради коронавирусот се додека не помине моменталната состојба на аларм.

Венецуелскиот весник „Ел Национал“: Детските лекари во Порторико се многу загрижени од случаите на Ковид-19 коишто почнаа да се појавуваат во голем процент кај децата и бебињата.

Рускиот информативен портал „Lenta.ru“: Украинскиот претседател Володимир Зеленски на својот профил на социјалната мрежа Фејсбук објави порака до рускиот претседател Владимир Путин. Зеленски во пораката му предложи на Путин да остварат средба во Донбас.

Рускиот весник „Известија“: Министерството за надворешни работи на Шведска планира да ги протера и другите руски дипломати кои се наоѓаат во земјата.

Руската новинска агенција „Регнум“: Рускиот претседател Владимир Путин денеска ќе го одржи традиционалниот годишен говор во Националниот Федерален Парламент. Според изјавата на портпаролот за печат Дмитриј Песков, на говорот на претседателот Путин ќе удри белег прашањето во врска со „кризата по Ковид-19“.



Слични вести