Странски печат 20.04.2021

Еве некои позначајни случувања за кои известуваат странските средства за информирање

1624828
Странски печат 20.04.2021

 

Германски „Tagesschau.de“ истакнува дека ЕУ ќе преземе дополнителни санкции против пучистите во Мјанмар.

Германски „Франкфуртер алгемајне цајтунг“ истанува дека (22-годишниот Вили со романско потекло) Пјун кој беше убиен во расистичкиот напад во германскиот град Ханау, во отсуство доби „Медал за граѓанска храброст“ за неговата храброст што ја покажа ноќта за време на нападот.

Радиото „WDR“ истакнува дека кандидатот за премиер на Германската партија на зелените беше Аналена Баербок, ко-претседателката на партијата.

Египетскиот весник „Елдустур“  истакнува дека односите со Израел (во врска со иранскиот нуклеарен договор) не влијаат на преговорите во Виена; Близу е постигнувањето Договор на САД со Иран.

Арапскиот весник „Ал Кудс Ал Араби“ истакнува дека Емирот на Катар ја повтори својата поддршка за Либан и ги повика политичките партии да го забрзаат формирањето на владата.

ТВ-канал „Ал Џезира“ истакнува дека Судан официјално го поништи законот за бојкот на Израел.

Францускиот весник „Ле Монд“ истакнува дека една од причините за повторниот раст на анти-француските чувства во Пакистан е односот на Франција кон карикатурите (насочени кон исламот и божјиот пратеник Мухамед).

Францускиот весник „Ле Фигаро“ истакнува дека Емисијата на СО2 (јаглерод) поврзани со енергијата во 2021 година се очекува да се зголемат над предвидувањата.

Францускиот ТВ-канал „Франс 24“ истакнува дека во извештајот подготвен од Кигали (главен град на Руанда) под наслов „Геноцидот во Руанда“ се истакнува дека Франција има „голема одговорност“ за геноцидот.

Аргентинскиот „Инфобае“ истакнува дека според студијата спроведена во Русија, вакцината Спутник V има 97,6 проценти стапка на ефективност.

Венецуелскиот ЅВ-канал „ТелеСур“ истакнува дека Венецуела со Обединетите нации потпиша Договор за поддршка на храна.

Латиноамериканската кубанска новинска агенција „Пренса Латина“ истакнува дека наставниците во Буенос Аирес (главен град на Аргентина) штрајкуваат против образованието лице-во-лице.

Новинската веб-страница „РБК“ истакнува дека американскиот амбасадор во Русија Џон Саливан на неколку недели ќе замине во Вашингтон, а потоа ќе се врати во Москва. (Претходно, руското Министерство за надворешни работи го советуваше амбасадорот да се врати во неговата земја, но беше објавено дека амбасадорот не го прифатил овој предлог.)

Руската новинска агенција „ТАСС“  истакнува дека Јан Хамацек, вицепремиерот на Чешка, министер за внатрешни работи и заменик министер за надворешни работи рече дека ќе го поздрават депортирањето на руските разузнавачи на своите сојузници во ЕУ и НАТО.

Рускиот новински портал „Лента.ру“ Парламентарната Асамблеја на Советот на Европа побара ослободување на рускиот дисидент Алексеј Навални и да му се пружи медицинска помош.



Слични вести