Странски печат 19.04.2021

Еве ги позначајните наслови во странските средства за информирање...

1623880
Странски печат 19.04.2021

Катарскиот весник Ал Раја Ала Катарија“: Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган рече: Досега се вакцинирани над 20 милиони наши граѓани (против коронавирусот).

Оманскиот весник „Ватан“: Поради пандемијата има големо намалување во бројот на наталитетот во светски рамки.

Либанскиот весник Ал Мустакбал“: Соединетите Американски Држави (САД) соопштија дека нема да бидат укинати санкциите врз Иран се додека не се биде сигурен дека се придржува кон нуклеарниот договор.

Шпанскиот весник „Ел Паис“: Ковид-19: Британската варијанта станува причина за повеќе од 80 отсто од случаите во Шпанија, меѓутоа не ги води болниците кон страотен колапс.

Шпанскиот весник „Ла Вангардија“: Илјадници семејства во Мадрид подложени на негативното влијание на кризата имаат потреба од помош од хуманитарните организации во најбогатата област на Шпанија.

Еквадорскиот весник „Ел Комерциоа“: Националниот изборен совет на Еквадор соопшти дека Гуилермо Ласо официјално е избран претседател на Еквадор.

Германскиот информативен сервис „Дојче Веле“: Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер истакна дека општеството коешто ја потиснува својата тага ќе претрпе штета од тоа. Во главниот град на Германија, Берлин е организирана официјална церемонија за сеќавање на жртвите од пандемијата на коронавирусот.

Германскиот весник „Франкфуртер Рундшау“: За примање вакцина во месец мај во Германија ќе нема потреба од приоритетност за вакцинација. Одделно од ризичните групи ќе можат да се вакцинираат сите возрасни.

Германскиот весник „Зудојче Цајтунг“: Загриженост од поделба во Демохристијанскиот блок (ЦДУ/ЦСУ). Жестоката борба помеѓу претседателот на Христијанско-социјална унија (ЦСУ) Маркус Содер и претседателот на Христијанско-демократската унија (ЦДУ) Армин Лашет за премиерската функција во Германија, создава затегнатост внатре во демо-христијанскот сојуз.

Францускиот весникЛе Паризиен“: Половинта од возрасните во Соединетите Американски Држави (САД) примија најмалку една доза вакцина.

Францускиот телевизиски каналФранс 24“: Францускиот претседател Емануел Макрон рече дека треба да бидат јасно означени црвените линии со Русија. 

Руската новинска агенција „РИА Новости“: Руското Министерство за надворешни работи соопшти дека прогласи за непожелни личности (персона нон грата) 20 чешки дипломати.

Рускиот информативен портал „РТ“: Претседателот на (Рускиот Парламент) Думата Вјачеслав Володин истакна дека Соединетите Американски Држави (САД) можат да воведат нови санкции кон Русија во сферите на индустријата и енергијата.

 



Слични вести