Странски печат 15.04.2021

Еве ги позначајните наслови во странските средства за информирање...

1621691
Странски печат 15.04.2021

Јорданскиот весник „Ал Дустур“: Обединетите нации (ОН) ги осудија акциите на омраза против муслиманите во Франција.

Арапскиот весник Ал Кудс Ал Араби“ кој се објавува во Лондон: Во близина на аеродромот во градот Ербил во северниот дел на Ирак падна ракета.

Катарскиот весник Ал Раја Ала Катарија“: Вашингтон ги повика либанските лидери да бидат умерени во работите за формирање на новата Влада.

Германскиот информативен портал „tegessoiegel.de“: Бројот на човечките загуби од коронавирусот во Европа надмина еден милион. Светската здравствена организација (СЗО) предупреди дека е дојдено до „критична“ точка.

Германскиот информативен сервис „Дојче Веле“: Расте бројот на Турците кои Германија ја сметаат за „свој дом“. Според една спроведена анкета во Германија во последните 20 години Турците повеќе се адаптираа кон Германија.

Германскиот информативен портал „Welt.de“: НАТО соопшти дека почнувајкќи од 1 мај ќе ги повлече сите свои војници од Авганистан.

Шпанскиот весник „Експансион“: Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) бара од Шпанија да ги зголеми даноците додека да се обезбеди закрепнување.

Шпанскиот весник „Ел Конфиденциал“: Шпанија своите војници во Авганистан ќе ги повлече во усогласеност со САД и другите сојузници.

Венецуелскиот телевизиски канал „Телесур“: (Духовниот лидер на католиците) папата Франциск ќе посредува во преговорите на Аргентина со Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), за задолжување.

Францускиот весникЛе Паризиен“: Реставрација на катедралата Нотр Дам: Францускиот претседател Емануел Макрон вети „Ќе истраеме и наново ќе ја изградиме“.

Францускиот весникЛе Монд“: Ковид-19 во Франција: 100.000 мртви; траума за којашто не се знае дека ќе остави траги во долг период.

Францускиот весникЛе Фигаро“: Францускиот Парламент се подготвува да го прифати законот во врска со сексуалното насилство врз малолетници, децата под 18 години.

Руската новинска агенција „РИА Новости“: Според новинската агенција Блумберг, управата на САД се подготвува да применува нови санкции врз Русија.

Рускиот информативен портал „Lenta.ru“: Германската канцеларка Ангела Меркел и американскиот претседател Џо Бајден ја повика Русија да не го зголемува своето воено присуство на границата на Украина.

Рускиот весник Ведомости „ТАСС“: Рускиот државен статистички завод (Росстат) забележа пад во нивото на сиромаштијата во Русија.

 



Слични вести