Странски печат 12.04.2021

Еве некои позначајни случувања за кои известуваат странските средства за информирање

1619606
Странски печат 12.04.2021

 

Катарскиот весник „Ал-Раја“ истакнува дека претседателот на претседателскиот совет на Либија Мухамед ал-Менфи рече дека „Ние ќе ги заштитиме заедничките интереси со Турција“

Јорданскиот весник „Ал-Дастур“ истакнува дека извештаите покажуваат дека Израел извршил сајбер напад на иранскиот нуклеарен реактор Натанц.

Весникот „Ал-Кудс Ал-Араби“ истакнува дека едно лице загина, а 6 лица беа повредени како резултат на уривање на тунел во западен Јордан.

„Ал-Кудс Ал-Араби во една друга вест истакнува дека умре Ремси Кларк, поранешен министер за правда на Соединетите Американски Држави (САД) и адвокат на Садам Хусеин, поранешниот ирачки лидер кој беше соборен.

Француски „Ле Паризиен“ истакнува дека левичарите (меѓу себе) се подготвени за преговори за претседателските избори 2022 година (во Франција), но веројатно се уште е далеку можноста за обединување (околу еден заеднички кандидат).

Француски „Ле Монд“ истакнува дека Париската џамија потврди дека месецот Рамазан во Франција ќе започне во вторник.

Француски „Ле Фигаро“ истакнува дека седум католици (2 калуѓерки и 5 свештеници) од кои двајца Французи, беа киднапирани на Хаити.

Шпански „Ел Паис“ истакнува дека премиерот Педро Санчез и вицепремиерката Јоланда Дијаз најавија дека ќе продолжат да се преземаат неопходните чекори за одржување на коалицијата.

Шпански „Ел Мундо“ истакнува дека економската криза го погоди и вработувањето на младите. Денес младите работници заработуваат 50 отсто пониско од нивните врсници во 1980 година.

Венецуелскиот ТВ-канал „ТелеСур“ истакнува дека победник на вториот круг на претседателските избори во Еквадор е десничарот Гилермо Ласо, кој освои 52,52 отсто од гласовите.

Германски „Дојче веле“ истакнува дека според податоците објавени од Институтот Роберт Кох, првата доза на вакцина против новиот вид коронавирус (Ковид-19) беше извршена на 15 отсто од населението во Германија. Стапката на оние кои ја примиле втората доза на вакцина е 5,9 отсто.

Германски „ВАЗ“ истакнува дека во законот за инфекции во Германија се планира да се направат измени. На тој начин се предвидува да се зголемат овластувањата на владата во борбата против епидемијата и да се применуваат заеднички правила во сите сојузни покраини на земјата.

Германски „Tagesschau.de“ истакнува дека Германија бара кандидат за премиер, претседателите на партиите на Христијанската унија (ЦДУ), Армин Лашет и Маркус Содер (ЦСУ) рекоа „ние сме кандидати“.

Руска „РИА Новости“ истакнува дека Украина не планира напад во Донбас. Киев верува дека мирот може да се постигне само преку преговори.

Руски „Комерсант“ ја објавува изјавата на претседателот на Руската федерална вселенска агенција (Роскосмос) Дмитриј Рогозин кој рече: „Руската вселенска индустрија е пред големи промени“.

Рускиот портал „Лента.ру“ истакнува дека турските власти планираат да ја стават под контрола епидемијата „Ковид-19“ до средината на мај, кога започнува туристичката сезона во земјата.



Слични вести