Странски печат 09.04.2021

Еве ги позначајните наслови во странските средства за информирање...

1617856
Странски печат 09.04.2021

Германскиот информативен сервис „Дојче Веле“: Германскиот министер за здравство Јенс Спах соопшти дека доколку Европската агенција за лкеови (ЕМА) даде одобрение Германија планира да разговара со Москва за купување на вакцината „Суптник В“.

Германскиот информативен портал „zdf.de“: Во Бразил евидентирана јужноафриканската варијанта на коронавирусот.

Германскиот информативен портал „ard.de“: Германската канцеларка Ангела Меркел оствари телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин посветен на решавањето на кризата во источниот дел на Украина.

Арапскиот весник Ал Кудс Ал Араби“ кој се објавува во Лондон: Турција одговори на дискусијата во врска со претседателката на Европската комисија (ЕК) Урсула фон дер Лејен. Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу рече: „Се применуваше протокол на седење одобрен од страна на Европската унија (ЕУ).

Катарскиот весник Ал Раја Ала Катарија“: Катарскиот емир Шејх Тамим Бин Хамад Ал Тани и претседателот на суверениот совет на Судан разговараа за односите помеѓу двете земји.

Јорданскиот весник Ал Дустур“: Вашингтон прифати да ги повлече своите борбени сили од Ирак.

Францускиот весникЛе Монд“: Како резултат на чувството на залажаност по Брегзит, се запалени „Ѕидовите на мирот“ во Северна Ирска.

Францускиот весникЛе Фигаро“: Додека во Франција првата доза вакцина против Ковид-19 на „АстраЗенека“ ја примија 10 милиони лица, од друга страна продолжуваат сомневањата во врска со оваа вакцина.

Францускиот телевизиски каналФранс 24“: Американскиот претседател Џо Бајден соопшти план против „епидемијата на насилство“ за којашто станува причина поседувањето на огнено оружје.

Шпанскиот весник „Ел Мундо“: Шпанското министерство за здравство своите граѓани од 60 до 69 години ќе ги вакцинира со вакцината „АстраЗенека“.

Мексиканскиот весник „Ла Хорнада“: Постои раст во бројот на децата децата кои мигрираат во Соединетите Американски Држави (САД). Во месец март од страна на надлежните на администрацијата за миграција се уапсени повеќе од 19 илјади деца.опругата.

Чилеанскиот весник „Ла Терцера“: Чилеанските астрономи открија „кандидат за планета“ за 5 пати поголем од големината на Јупитер.

Рускиот весник „Ведомости“: Американскиот државен секретар Антони Блинкен истакна дека американскиот претседател Џо Бајден може да го нарече рускиот претседател Владимир Путин „убиец“, а истовремено може и да работи заедно со него..

Рускиот информативен портал „Gazeta.ru“: Руските политичари ги коментираа плановите на САД за евентуално испраќање на воени бродови во Црното Море за поддршка на Украина.

Рускиот весник „Комерсант“: Според весникот „Известија“, во периодот на мајските празнични денови се подготвуваат сајбер напади против индивидуалните депозитни сметки во Русија.

 



Слични вести