Странски печат 05.04.2021

Еве ги позначајните наслови во странските средства за информирање...

1614799
Странски печат 05.04.2021

Германскиот информативен сервис „Дојче Веле“: Средбата на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган со лидерите на Европската унија (ЕУ) на 6 април во Турција се оценува како прв фрлен чекор кон новиот период во односите.

Германскиот информативен портал „NDR.de“: Предлогот на германскиот министер за здравство Јенс Спах во однос на тоа дека на вакцинираните лица би можеле да им се признаат одредени слободи, доведе до дискусии во земјата.

Германскиот информативен портал „Tagesschau.de“: Порака од папата Франциск по повод Велигден: „Наоружувањето и судирите во пандемискиот период се скандал.“ 

Катарскиот весник Ал Раја Ала Катарија“: Министерот за национална одбрана Хулуси Акар ги осуди провоцирачките активности на Грција.

Оманскиот весник Ватан“ кој се објавува во Лондон: Светската здравствена организација (СЗО) побара повторно да се изврши испитување во врска со тоа дали новиот тип коронавирус (Ковид-19) е излезен од лабораторија во Кина.

Либанскиот весник „Ал Мустакбал“: Ирачкиот премиер Мустафа ал-Ќазими (по посетата на Саудиска Арабија) отпатува во официјална посета на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) со што ја оствари својата посета на втора Арапска земја за една недела. 

Францускиот весникЛе Монд“: Откако се појави дека високи француски функционери учествувале на забранети забави (журки) во Париз е започната истрага.

Францускиот телевизиски каналФранс 24“: Од почетокот на воениот удар во Мјанмар (на 1 февруари) досега животите ги загубија 557 лица. .

Францускиот весникЛе Фигаро“: Започнати се тестирањата на нов антивирален лек којшто буди надеж за Ковид-19.

Шпанскиот весник „Ел Паис“: Недостатокот од вакцини и бавната вакцинација ги разгоре дискусиите околу тоа дека им се издава патент само на одредени производители. Експерти истакнуваат дека доколку се издаде патент би можеле да се произведуваат дневно по 12 до 60 милиони дози вакцини.

Шпанскиот весник „Ел Мундо“: Две третина од Шпанците (63,5 отсто) веруваат дека поради бавната вакцинација ќе биде изгубена и оваа летна сезона.

Венецуелскиот весник „Ел Национал“: Ковид-19: По повторниот раст на болеста Владата на Венецуела ги заостри контролите на границата.

Рускиот информативен портал „Lenta.ru“: Американското списание „Foreign Policy“ информира дека управата на американскиот претседател Џо Бајден предупреди дека треба да се избегнува од сомнителни меѓународни договори во врска со вселената, а за да не се западне во стапицата на Русија и Кина.

Руската новинска агенција „РИА Новости“: Директорот на Центарот за епидемиологија и микробиолошко истражување Гамалеја при Министерството за здравство на Русија: Европската унија (ЕУ) поради конкуренција не дозволува вакцината „Спутник В“ да влезе на нејзиниот пазар.

Рускиот весник „Комерсант“: Високиот претставник на Европската унија (ЕУ) за надворешни работи и безбедносна политика Жозеп Борел по остварената средба со украинскиот министер за надворешни работи Дмитриј Кулеба, ги изнесе своите грижи ви врска со воените активности на Русија.

 

 



Слични вести