Странски печат 01.04.2021

Еве ги позначајните наслови во странските средства за информирање...

1612612
Странски печат 01.04.2021

Арапскиот весник Ал Кудс Ал Араби“ кој се објавува во Лондон: (Генералниот секретар на Обединетите нации Антонио) Гутерес упати пофалба на посредувањето на Оман во Јемен и ја нагласи потребата од завршување на кризата.

Катарскиот информативен сервис „Ал Џезира“: Министрите за надворешни работи на 18 европски земји ветија дека „воените злосторници“ во Сирија нема да останат без казнување.

Катарскиот весник Ал Раја Ала Катарија“: Катар го осуди насилството врз цивилите во Сирија.

Германскиот информативен сервис „Дојче Веле“: Глобалната трговија на производи се опоравува побрзо од прогнозите.

Германскиот информативен портал „Der Spiegel“: Во последниот законодавен период во Германија се укинати имунитетите на 18 пратеници.

Германскиот информативен портал „Tagesschau.de“: Земјите на Европската унија (ЕУ) не можеа да ги исполнат своите цели за вакцинација.

Францускиот весникЛе Фигаро“: Ковид-19: (Францускиот претседател) Емануел Макрон прифати дека „направил грешки“ во управувањето со кризата.

Францускиот весникЛе Монд“: (Министерката за родова рамноправност) Марлен Чиапа потврди во Сенатот дека ќе се промени Опсерваторијата за лаицизмот (со една друга структура).

Шпанскиот весник „Ел Паис“: Европската унија (ЕУ) не може да ги исполни сите свои цели за вакцинација коишто ги утврди за првиот квартал.

Аргентинскиот весник „Инфобае“: Воена криза во Бразил: (Бразилскиот претседател) Жаир Болсонаро ги назначи новите команданти на родовите на Вооружените сили.

Чилеанскиот весник „Ла Терцера“: Грешката во фабриката во Балтимор (САД) стана причина да бидат фрлени во топад приближно 15 милиони дози вакцини Џонсон и Џонсон (Johnson & Johnson) против Ковид-19.

Руската новинска агенција „РИА Новости“: Високиот претставник на Европската унија (ЕУ) за надворешни работи и безбедносна политика Жозеп Борел, одлуката на Москва за испраќање од земјата на тројца европски дипломати кои учествуваа на протестите ја оцени како напад.

Рускиот информативен портал „Gazeta.ru“: Претставникот на руската фитосанитарен надзор „Роспотребнадзор“ (Rospotrebnadzor) рече дека епидемијата на коронавирусот во Руската Федерација би можела да заврши до август.

Рускиот весник „Комерсант“: Соединетите Американски Држави (САД) ги разгледаа информациите коишто пристигну ваат од Русија и Киев во однос на раздвиженоста на границата на Украина.

 



Слични вести