Странски печат 25.03.2021

Еве ги позначајните наслови во странските средства за информирање...

1608094
Странски печат 25.03.2021

Францускиот весникЛе Монд“: Постепено расте бројот на младите меѓу заболените лица од Ковид-19 во Франција кои се наоѓаат на интензивна нега.

Јорданскиот весник Ал Дустур“: Соопштено е дека во Јордан почна да се применува тримесечниот временски период помеѓу пуштањето на првата и втората доза на вакцината АстраЗенека.

Јорданскиот весник Ал Дустур“: Партијата за правда и развој (АК Партијата) повторно го избра Реџеп Тајјип Ердоган за претседател.

Катарскиот информативен сервис Ал Џезира“: Турција ги осуди изјавите на францускиот претседател Емануел Макрон во врска со како што рече „интервенцијата“ на изборите во Франција.

Аргентинскиот весник „Ла Национ“: Аргентина ја напушти Групата Лима, за поддршка на Венецуела (Групата Лима е меѓународна унија која е формирана во 2017 година од страна на 14 земји на континентот Америка, за кризата во Венецуела).

Кубанската новинска агенција „Пренса Латина“: Куба го следи патот на колективна вакцинација против Ковид-19. Помеѓу јули и август ќе се вакцинира 70 отсто од населението.

Германскиот информативен портал „Bild.de“: Германската канцеларка Ангела Меркел се извини од граѓаните поради донесените одлуки на последниот Корона Самит за забрана коишто потоа беа олабавени за Велигденските денови.

Германскиот информативен сервис „Дојче Веле“: Германија стапи во акција за вакцината „Спутник В“. Германската Влада побара од Европската комисија (ЕК) да започне активности за порачка на руската вакцина против коронавирусот „Спутник В“.

Германскиот информативен портал „Spiegel.de“: Децата ќе можат да се вакцинираат против коронавирусот дури во 2022 година и тоа доколку сѐ се одвива во ред.

Рускиот весник „Комерсант“: Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, по остварената средба со министерот за за надворешни работи на Јужна Кореја Чунг Еуи-јонг во Сеул, истакна дека беа водени разговори за формирање на заеднички инфестициски фонд на двете земји.

Рускиот информативен портал „Lenta.ru“: Според веста на „Блумберг“, Соединетите Американски Држави (САД) во 2020 година го зголемија увозот на нафта и нафтени производи од Русија.

Руската новинска агенција „ТАСС“: Носечката ракета „Сојуз 1.1b“, за сместување на сателитите „OneWeb“ во орбитата е лансирана од космодромот Восточниј.

 



Слични вести