Странски печат 24.03.2021

Еве ги позначајните наслови во странските средства за информирање...

1607351
Странски печат 24.03.2021

Германскиот информативен весник „Зудојче Цајтунг“: Германија го повика во Министерството за надворешни работи амбасадорот на Кина во Берлин во врска со санкциите на Кина кон германските пратеници и научници.

Германскиот информативен портал „Velt.de“: Вакцините против новиот тип коронавирус (Ковид-19): Европската комисија (ЕК) бара да се воспостави построга контрола а извозот. 

Германскиот информативен портал „ard.de“: Според едно спроведено истражување во Германија, протестите против политиките на Владата по прашањето на Ковид-19 станаа причина за зголемување и на нападите рз новинарите. 

Францускиот весникЛе Монд“: Францускиот претседател Емануел Макрон соопшти дека вакцинацијата против Ковид-19 почнувајќи од сабота ќе биде отворена за применување на сите лица над 70 години.

Францускиот телевизиски канал „Франс 24“: Зошто Французите се толку безгласни додека во Европа се одржуваат протести поради мерките против епидемијата? 

Шпанскиот весник „Ел Мундо“: Фајзер ги започна клиничките експериментирања на лек којшто може да се зема од уста против коронавирусот (Ковид-19). 

Мексиканскиот весник „Ла Хорнада“: Претседателот на Мексико Лопез Обрадор заедно со гувернерите стави потпис на "Националниот договор за демократија". Ќе се работи за одржување на изборите во слободна средина и со почитување на волјата на народот. 

Чилеанскиот весник „Ла Терцера“: Нова победа за поранешниот претседател на Бразил Лула да Силва. Врховниот суд изнесе мислење во однос на тоа дека судијата се однесувал "пристрасно" кон Да Силва во предметот за корупција што се води против него.

Катарскиот информативен сервис Ал Џезира“: Авганистанскиот претседател Ешреф Гани предлага да се одржат предвремени избори. Велика Британија пак, одбива да повлече војска од оваа земја без претходно да се постигне мировен договор. .

Арапскиот весник „Ал Кудс Ал Араби“ кој се објавеува во Лондон: Израелски воени авиони реализираа напади врз Појасот Газа.

Рускиот весник „Комерсант“: Рускиот претседател Владимир Путин ја прими првата доза вакцина против новиот тип коронавирус (Ковид-19).

Рускиот информативен портал „Lenta.ru“: Кинеската царина ја врати назад руската морска храна на чии амбалажи е утврден коронавирус.

Руската новинска агенција „РИА Новости“: Курсот на еврото од крајот на февруари досега за прв пат се зголеми на над 91 рубља.



Слични вести