Странски печат 05.03.2021

Еве ги позначајните наслови во странските средства за информирање...

1595563
Странски печат 05.03.2021

Францускиот весникЛе Паризиен“: Ковид-19: Во Франција почнувајќи од петок вечер (вечерва) ќе бидат затворени повеќе од 130 трговски центри.

Францускиот телевизиски канал Франс 24“: Францускиот премиер Жан Кастекс рече: „До средината на месец мај имаме за цел да вакцинираме (против Ковид-19) повеќе од 20 милиони лица.

Германскиот информативен портал „n-tv.de“: Несреќа во југоисточниот дел на Турција - Во хеликоптерска несреќа загинаа 11 војници.

Германскиот информативен портал „Zeitrd.de“: Извештај на Обединетите нации (ОН): „17 отсто од целокупното јадење во светот оди во отпад.“

Германскиот весник „Франкфуртер Алгемајне Цајтунг“: Европската агенција за лекови (ЕМА) започна со испитување на руската вакцина „Спутник В“ (Sputnik V).

Арапскиот весник Ал Кудс Ал Араби“ кој се објавува во Лондон: Израелскиот министер за одбрана Бени Ганц рече дека армијата се подготвува да изврши напад врз нуклеарните постројки на Иран.

Јорданскиот весник „Ал Дустур“: Араската лига (АЛ) бара да се врши меѓународен притисок врз Хусите во Јемен за да ги сопрат воените операции.

Катарскиот весник Ал Раја Ала Катарија“: Од Арапските земји и Палестина пристигнаа позитивни реакции за започнување на истрага во Меѓународниот кривичен суд (МКС) во врска со извршените израелски воени злосторства на окупираните палестински територии.

Шпанскиот весник „Ел Мундо“: Шпанскиот премиер Педро Санчез на вчерашната симболична церемонија го следеше уништувањето на оружјето на сепаратистичката организација ЕТА.

Шпанскиот весник „Ел Паис“: Шпанската Влада составува 3 одделни итни фонда за помагање на фирмите кои се наоѓаат во тешка состојба поради пандемијата на новиот тип корнавирус (Ковид-19).

Венецуелскиот весник „Ел Национал“: Чиле, по земјотресот со јачина од 8,1 што се случи во океанот во близина на Нов Зеланд издаде тревога за цунами.

Руската новинска агенција „ТАСС“: Амбасадорот на Русија во Вашингтон Анатоли Антонов рече дека тврдењата на САД по прашањето на човековите права во Русија се неприфатливи.

Рускиот весник „Ведомости“: Потрпаролката на руското министерство за надворешни работи Марија Захарова новите санкции на Европската унија (ЕУ) кон Русија ги окарактеризира како „безначајни“.

Рускиот информативен портал „Lenta.ru“: САД и Велика Британија се подготвуваат да воведат нови санкции кон Русија.

 



Слични вести