Странски печат 04.03.2021

Еве некои позначајни случувања за кои известуваат странските средства за информирање

1594869
Странски печат 04.03.2021

Францускиот весник „Либерасјон“ истакнува дека во рамките на мерките против Ковид-19 во Франција беа усвоени нови одлуки. Единствениот град во кој за време на викендот ќе се спроведе полициски час се очекува да биде Па де Кале, лоциран на најсеверниот дел на Франција

Францускиот меѓународен ТВ-канал „Франс 24“ истакнува дека Меѓународниот кривичен суд (МКС) започна истрага за наводните воени злосторства извршени на палестинска територија.

Белгискиот весник „Ле Соар“ ја објавува изјавата на поранешниот француски претседател Никола Саркози кој рече: „Немам волја да се вратам на политиката“.

Шпанскиот весник „Ел Паис“ истакнува дека Европската унија (ЕУ) врши притисок врз Шпанија да го намали „привременото вработување во јавниот сектор“.

Боливиски „Ел Диарио“ истакнува дека Боливија е тажна поради катастрофалната смрт на 28 лица за еден ден во различни делови на земјата.

Чилеанскиот весник „Ла Терцера“ истакнува дека употребата на маски повеќе нема да биде задолжителна во државите Тексас и Мисисипи во САД.

„Ал раја“ истакнува дека  Катар повика на зголемување на заедничката арапска акција.

„Ел кудус“ ја објавува изјавата на Генералниот секретар на Арапската лига Ахмед Абул Гејт кој рече: „Арапските земји ќе имаат позитивен став кон секоја американска администрација што ќе се интересира со палестинското прашање“.

Германски „Дојче веле“ истакнува дека 25 илјади фирми во Германија се на работ на банкрот поради пандемијата.

Германски „Bild.de“ истакнува дека германската канцеларка Ангела Меркел ограничувањата поради Ковид-19 ги продолжи до 28 март.

Германски „Франкфуртер алгемајне цајтунг“ истакнува дека шведската полиција за вчерашниот напад со нож се сомнева за тероризам.

Руската новинска агенција „РИА Новости“ истакнува дека според стратегијата за национална безбедност на САД, Кина и Русија се сметаат за закани и се посочува дека Русија има намера да го прошири своето глобално влијание и да игра дестабилизирачка улога на меѓународната арена.

Рускиот новински портал „Лента.ру“ истакнува дека американскиот претседател Џо Бајден санкциите во врска со случувањата на Крим и Украина, воведени во 2014 година против Русија ги продолжи за уште една година.

Рускиот весник „Комерсант“ истакнува дека коронавирусот во телата на пациенти со ослабен имунолошки систем може да остане долго време и може да се појават мутации.



Слични вести