Странски печат 03.03.2021

Еве ги позначајните наслови во странските средства за информирање...

1594022
Странски печат 03.03.2021

Германскиот информативен портал „Bild.de“: Ужасна сообраќајна несреќа во Соединетите Американски Држави (САД): Во судир на шлепер и теренско возило животите ги загубија 15 лица од 26 лица колку што се наоѓаа во теренското возило.

Германскиот информативен портал „ard.de“: Германската канцеларка Ангела Меркел е на страната на внимателно олабавување на мерките против коронавирусот.

Јорданскиот весник „Ал Дустур“: Светската здравствена организација (СЗО): Светот не ќе може да го победи коронавирусот пред крајот на годината.

Катарскиот весник Ал Раја Ала Катарија“: Катарско-турскиот воен совет ги разгледува плановите за соработка.

Арапскиот весник Ал Кудс“: Вакцината на „АстраЗенека“ („AstraZeneca“) не е популарна во Франција и Германија.

Аргентинскиот весник „Инфобае“: Трагедија во Боливија: За време на состанокот на кој учествуваа 30 лица се сруши платформата: Најмалку 5 мина студенти паднаа од четвртиот спрат и ги загубија животите.

Шпанскиот весник „Ел Мундо“: Поголемите сестри на шпанскиот крал, Елена и Кристина во главниот град на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) Абу Даби примија вакцина против коронавирусот. Поради тоа што не беа вклучени во приоритетните групи, на тој начин преминаа пред програмата за вакцинација во Шпанија..

Шпанскиот весник „Ла Вангардија“: Вакцината на „АстраЗенека“ („AstraZeneca“) е ефикасна колку вакцината на „Фајзер“ кај сите возрасни групи.

Францускиот весникЛе Монд“: Поранешниот француски претседател Николас Саркози кој е осуден на тригодишна затворска казна се брани себе си и тврди дека бил жртва на „неправда“ .

Францускиот весникЛе Паризиен“: Војна за Алжир: Франција призна дека Али Буменџел е убиен. (Али Буменџел беше активист по потекло од Алжир и за да се прикрие неговата смрт и да се прикаже дека извршил самоубиство, откако беше уапсен од страна на француските војници беше фрлен од шестиот спрат на една зграда.)

Рускиот информативен портал „İnterfax.ru“: Соединетите Американски Држави (САД) им забранија на владините институции да и издаваат кредит на Русија.

Руската новинска агенција „ТАСС“: Портпаролката на руското министерство за надворешни работи Марија Захарова соопшти дека на новите воведени санкции на САД врз Русија ќе одговорат според принципот на реципроцитет, а не на симетричен начин.

Рускиот весник „Ведомости“: Според извештајот на меѓународната консултантска компанија  „Cushman & Wakefield“, хотелите во Москва од аспект на пополнетоста се наоѓаат на лидерската позиција во Европа.

 



Слични вести