Странски печат 01.03.2021

Еве ги позначајните наслови во странските средства за информирање...

1592589
Странски печат 01.03.2021

Германскиот информативен сервис „Дојче Веле“: Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган кој истакна дека пучот е злосторство против човештвото рече: „Го доживеав 28 февруари (1997), свесен сум за 28 февруари.“

Германскиот информативен портал „br.de“: Германскиот министер за надворешни работи Хеико Мас истакна дека треба да се „работи со полна брзина“ по прашањето на пасошот за вакцинација за којшто постигнаа договор лидерите на Европската унија (ЕУ) минатата недела.

Германскиот информативен портал „Tagesschau.de“: Во Соединетите Американски Држави (САД) е издадено одобрение за употреба на вакцината против коронавирусот развиена од страна на „Џонсон и Џонсон“ („Johnson&Johnson“). Спротивно на другите вакцини на пазарот, за вакцината на „J&J“ се истакнува дека е доволно да се дава само по една доза.

Либанскиот весник Ал Мустакбал“: Во Сирија се сруши руски хеликоптер.

Катарскиот весник Ал Раја Ала Катарија“: Обединетите нации (ОН): 12,4 милиони Сиријци не можат да обезбедат пристап до прехранбени производи.

Шпанскиот весник „Ел Хералдо“: Кина ја одобри третата вакцина против коронавирусот.

Аргентинскиот весник „Инфобае“: Русија соопшти дека во март ќе биде достапна за светот вакцината „Sputnik Light“ која е доволна да се дава само по една доза.

Венецуелскиот телевизиски канал „ТелеСур“: Шпанските демонстранти на големите протести во Барселона бараат социјални реформи.

Руското списание „Военое Дело“: Турција сооопшти дека руските системи за електронско војување не можат да го сопрат турското беспилотно летало (ИХА) „Бајрактар ТБ2“.

Руската новинска агенција „РИА Новости“: Поранешниот американски претседател Доналд Трамп рече дека САД ќе бидат зависни од руската нафта.

Рускиот информативен портал „Vesti.ru“: Во услуга на Силите за воздухопловство и вселена ќе бидат  дронови коишто летаат во јато.

Францускиот телевизиски каналФранс 24“: „Климатскиот договор на граѓаните“ во Франција и даде мошне лоша оценка на Владата.

Францускиот весникЛе Монд“: Поранешниот американски претседател Доналд Трам се појави и повторно ја постави на дневен ред идејата за враќање назад (како кандидат за претседател).

Францускиот весник „Ле Фигаро“: Областа на Париз се подготвува да стави во примена нови мерки со ограничувања против Ковид-19.

 



Слични вести