Странски печат 26.02.2021

Еве некои позначајни случувања за кои известуваат странските средства за информирање

1591091
Странски печат 26.02.2021

Германски „zdf.de“ истакнува дека  Федералното обвинителство поднесе тужба против германски државјанин, кој наводно на руските разузнавачи им ги пренесувала плановите на зградата на Парламентот во Берлин, под обвинение за шпионажа.

Германски „Дојче веле“ истакнува дека со дозвола за употреба на уште две вакцини во Кина, бројот на вакцини против новиот вид коронавирус (Ковид-19) во земјата се искачи на четири.

Германски „Велт“ истакнува дека Светската здравствена организација (СЗО) предупреди за пасошот за вакцини, донесен на дневен ред за стимулирање на меѓународните патувања и туризмот.

Јорданскиот весник „Елдустур“ истакнува дека  се забележуваат нови случувања во дозата на Џонсон, ефективноста на Фајзер и вакцината „Модерна“ Ковид-19.

Јеменскиот весник „Ал Ајам“ истакнува дека администрацијата на претседателот Џо Бајден во САД соопшти дека „Палестинците имаат легитимни очекувања за државност и независност“.

Палестинскиот арапски весник „Ал Кудс“ истакнува дека поради жестоките судири меѓу демонстрантите во Мјанмар, армијата се соочува со повеќе санкции.

Француски „Ле Паризиен“ во веста посветена на  Ковид-19 ја објавува изјавата на градоначалникот на Париз Ана Хидалго која изнесе барање 3-неделен (строг) карантин за Париз.

Францускиот весник „Ле Монд“  истакнува дека 9 месеци по започнувањето на карантинот, во Франција има рекорден пад на бројот на раѓања.

Францускиот весник „Ле Фигаро“ истакнува дека Европската унија (ЕУ) е „оптимист“ во врска со целта за вакцинирање 70% од Европејците до крајот на летото.

Шпанскиот весник „Ел Мундо“ истакнува дека не стивнува напнатоста во врска со поранешниот крал Хуан Карлос Први. Инаку Хуан Карлос на Министерството за финансии ќе му плати уште 4 милиони евра поради шверцување пари од државата.

Шпанскиот весник „Ел Паис“ истакнува дека две истражувања спроведени во Шпанија покажаа дека инвазивните видови комарци Европа ја зедоа под влијание и дека овие отпорни видови можат да пренесуваат различни болести.

Венецуелскиот весник „Ел Национал“ истакнува дека во рамките на напнатоста меѓу Европската унија и Венецуела, овојпат ЕУ, претставникот на Венецуела го прогласи за „персона нон грата“.

Руската новинска агенција „ТАСС“ ја објавува вчерашната изјава на турскиот министер за здравство Фахретин Коџа кој рече дека почна токсиколошкото тестирање на руската вакцина Спутник-В.

Рускиот весник „Ведомости“ ја објавува изјавата на градоначалникот на Москва Сергеј Собјанин кој рече дека ако има намалување на бројот на хоспитализирани пациенти со ковид-19, постои можност во рок од 1-2 месеци да се укинат некои ограничувања.

Весникот „Росискаја газета“ го објавува соопштението на Руското министерство за одбрана во кое беше истакнато дека ерменскиот премиер Никол Пашинјан бил дезинформиран за ракетите „Искандер“ од руско производство, за кои тврди дека не експлодирале за време на војната во Карабах, бидејќи ниту една од овие ракети не бил употребени во конфликтот.



Слични вести