Странски печат 24.02.2021

Еве некои позначајни случувања за кои известуваат странските средства за информирање

1589869
Странски печат 24.02.2021

Германски „Дојче веле“  истакнува дека Турција ги објави снимките од кои може да се види како грчки авиони го провоцираат истражувачкиот брод ТЏГ Чешме во водите на Егејското море.

Германски „DiePresse.com“ истакнува дека според извештајот на Воената разузнавачка служба во Германија, зголемен е бројот на случаи за кои постои сомнение дека потекнуваат од екстремно десничарите во германската армија.

Германски „Tagesschau.de“ истакнува дека федералната влада и покраините во Германија се согласија да им се даде приоритет на учителите и наставниците во рангирањето за вакцинација.

„Ал-Кудс Ал-Араби“ во веста под наслов нова напнатост на Егејот, истакнува дека грчки воени авиони го провоцираа турскиот брод и Анкара веднаш одговори.

Јорданскиот весник „Ал-Дустур“ истакнува дека според соопштението кое беше објавено од Иран, земјата се повлекува од дополнителниот протокол за нуклеарниот договор со кој се доделуваат посебни дозволи за контрола на објектите.

„Ал Џезира“ истакнува дека американскиот претседател Џо Бајден и ирачкиот премиер Мустафа Ал-Каземи на првиот контакт преку телефон, разговараа за запирањето на ракетните напади и борбата против ДЕАШ (ИСИС).

Францускиот весник „Ле Фигаро“ истакнува дека во градот Данкерк каде што бројот на заразени случаи е 4 пати поголем од националниот просек, владее загриженост од воведување нови ограничувања.

Францускиот весник „Ле Монд“ истакнува дека на интернет се појавија медицинските податоци на 500.000 Французи.

Шпанскиот весник „Ел Паис“ ја објавува изјавата на Пабло Иглесијас, лидерот на коалицискиот партнер Падемос Партија во Шпанија, кој го извести премиерот Педро Санчез дека нема да прифати закон за домување што не го ограничува зголемувањето на закупнината.

Шпанскиот весник „Ел Мундо“ истакнува дека двајцата најбогати бизнисмени во Шпанија, 85-годишниот Амансио Ортега и 71-годишниот Фернандо Роиг, истовремено се соочуваат со исти предизвици: Пред економската криза предизвикана од Ковид-19 и зголемувањето на продажбата на преку интернет, водат битка за заштита на околу 140.000 работници кои работат во нивните продавници.

Венецуелскиот ТВ-канал „ТелеСур“ истакнува дека како резултат на немирите и бунтовите во еквадорските затвори починаа 75 затвореници.

Рускиот весник „Комерсант“ Истакнува дека државниот долг на Русија во 2020 година се зголеми за 40 отсто.

Новинската веб-страница „Ведомости“ ја објавува изјавата на ерменскиот премиер Никол Пашинијан кој рече дека ракетите „Искандер“ од руско производство не биле функционални во последната војна во Карабах.

Новинската веб-страница „Лента.ру“ истакнува дека 100 американски компании и 9 институции биле погодени од наводниот сајбер напад извршен од руски хакери со помош на софтверот наречен Орион.



Слични вести