Странски печат 23.02.2021

Еве ги позначајните наслови во странските средства за информирање...

1588933
Странски печат 23.02.2021

Францускиот весникЛе Монд“: Семејството на политичарот и поборник за човекови права Малколм Икс кој го загуби својот живот за реализираниот атентат на 21 февруари 1965 година во САД, побара повторно да биде отворена истрагата за убиството.

Францускиот телевизиски каналФранс 24“: Светската здравствена организација (СЗО) ги обвинува богатите земји за поткопување на раздавањето на вакцините против новиот тип коронавирус (Ковид-19) на сиромашните земји.

Белгискиот весникЛе Суар“: Американскиот претседател Џо Бајден издаде инструкција за спуштање на половина копје на знамињата во знак на почит кон поминување на бројката од половина милион починати од новиот тип коронавирус (Ковид-19) во земјата.

Катарскиот весник Ал Раја Ал Катарија“: Научници истакнуваа дека бавното одвивање на работите за вакцинација ја зголемува можноста за појава на нови мутирачки видови на коронавирусот.

Оманскиот весник Ватан“: Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека сеуште не е достигнато до доволна бројка за стекнување со колективен имунитет.

Либанскиот весник Ал Мустакбал“: Иранскиот лидер Али Хамнеи истакна дека никој не може да го спречи Иран да се стекне со нуклеарно оружје.

Шпанскиот весник „Ел Паис“: „Персеверанс“ (вселенското возило ровер кое го испрати НАСА на Марс) сними видео во кое за прв пат во историјата се гледа моментот на спуштање на планетата Марс.

Шпанскиот весник „Ел Мундо“: Венецуела: Европската унија (ЕУ) применува санкција кон 19 раководители приврзаници на Чавез, судии, војници и полицајци.

Аргентинскиот весник „Инфобае“: Сопругата на наркобосот Чапо Гузман, Ема Коронел е уапсена во САД поради трговија со дрога.

Германскиот весник „Франкфуртер Алгемајне Цајтунг“: Во градот Келн во Германија е извршен напад врз фотографиите на жртвите на расистичкиот напад во градот Ханау.

Германскиот информативен сервис „RTL Online“: Во 10 покраини во Германија (во рамките на преземените мерки против новиот тип коронавирус Ковид-19) се отворени градинките и основните училишта.

Германскиот информативен портал „Tagesschau.de“: Велика Британија на 21 јуни ќе ги укине сите ограничувања (коишто се донесени поради Ковид-19).

Рускиот весник „Вести“: Руската вакцина против коронавирусот „Спутник В“ одобрена во Киргистан.

Рускиот информативен портал „Lenta.ru“: Рускиот претседател Владимир Путин и белорускиот претседател Александер Лукашенко остварија средба во рускиот град Сочи којашто траеше подолго од 6 часа.

Рускиот весник „Известија“: Портпаролот на Американскиот државен секретар Нед Прајс рече дека единствената причина поради која САД се противат на проектот на гасоводот „Северен тек-2“ кој се води од страна на Русија, е геополитичка.



Слични вести