Странски печат 22.02.2021

Еве некои позначајни случувања за кои известуваат странските средства за информирање

1588176
Странски печат 22.02.2021

 

Јорданскиот весник Ал-Дустур  истакнува дека Израел за две недели уништи и заплени 89 палестински згради.

Саудискиот весник „Ал-Кудс Ал-Араби“  кој се објавува на арапски јазик во Велика Британија истакнува дека израелскиот премиер Бинјамин Нетанјаху во канцеларија во Ерусалим прими еден египетски министер. На приемот, Нетанјаху го замоли египетскиот министер да му пренесе позравите на неговиот пријател, египетскиот претседател Абдел Фатах ал Сиси.

Катарскиот весник „Ал-Раје Ал-Катарије“ истакнува дека Катар е решен да продолжи со поддршката на Франкофони (меѓународна организација којашто ги претставува земјите и регионите коишто имаат одредена врска со француската култура).

Германски „Дојче веле“ во веста посветена на конронавирусот истакнува дека во Германија владее алармантно зголемување.

Германски „Зидојче цајтунг“ истакнува дека покраините во Германија сакаат да го променат редоследот за вакцинација. Се предвидува да им се даде приоритет на оние кои работат во градинките и основните образовни установи.

Германски „Франкфуртер Рундшау“ го објавува насловот:   Дали Доналд Трамп, поранешниот претседател на Соединетите Американски Држави (САД), повторно ќе се кандидира за претседател во 2024 година? Изјавите на полуќерката Лара Трамп ги распламта гласините во оваа насока.

Шпанскиот весник „Ел Паис“ истакнува дека начинот на кој каталонската полиција управува со насилството на улиците дополнително ја продлабочи нестабилноста во (автономната област) Каталонија.

Мексиканскиот весник „Ла Хорнада“ истакнува дека 6 лица загинаа во авионската несреќа на авионот на мексиканското воено воздухопловство што се урна во државата Веракруз.

Аргентинскиот весник „Кларин“ САД загубија повеќе од 500 илјади жртви поради Ковид-19 штп изнесува повеќе отколку во „Првата и втората светска војна“ и „Виетнамската војна“.

Рускиот весник „Газета.ру“ ја објавува изјавата на Џејк Саливан, советникот за безбедност на американскиот претседател Џо Бајден, кој рече дека тоа САД подготвиле одговор на сајбер нападите на руските хакери.

Рускиот весник „Известија“ ја објавува изјавата на британскиот министер за надворешни работи Доминик Рааб кој рече дека од Одборот за човекови права на Обединетите нации ќе побара да реагира на кршењето на човековите права во Русија.

Руската новинска агенција „РИА Новости“ истакнува дека словачкиот премиер Игор Матовиќ од членовите на кабинетот побара да го забрзаат купувањето на руската вакцина Спутник V против коронавирусот.

Францускиот весник „Ле Монд“ истакнува дека злосторствата против полицијата во последните две децении се зголемија за два пати.

Францускиот весник „Ле Фигаро“ истакнува дека хунтата во Мјанмар ги предупреди демонстрантите дека можат да умрат (во интервенциите).

Францускиот весник „Либерасјон“ во веста посветена на мерките против коронавирусот истакнува дека туризмот во градот Ница (на југот на Франција) е во опасност од давење.



Слични вести