Странски печат 19.02.2021

Еве ги позначајните наслови во странските средства за информирање...

1586742
Странски печат 19.02.2021

Францускиот телевизиски каналФранс 24“: Алжирскиот претседател Абдулмеџид Тебун го распушти Парламентот и упати повик за одржување на предвремени избори.

Белгискиот весникЛе Суар“: Европската комисија (ЕК) упати повик почнувајќи од месец март да биде укината "забраната за патување без потреба".

Францускиот телевизиски каналФранс 24“: Извидувачкиот ровер на НАСА "Персеверанс" на крајот на седум месечното патување успешно се спушти на површината на Марс.

Катарскиот весник Ал Раја Ал Катарија“: Обединетите нации (ОН): Гладот претставува закана за животот на 2,6 милиони Сомалијци.

Оманскиот весник Ватан“: Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека за 5 недели е намален за половина бројот на заболените од новиот тип коронавирус (Ковид-19).

Катарскиот весник Ал Раја Ал Катарија“: Ирачкиот претседател Бархам Салих повика неговата земја да не биде вклучена во судирите на другите. На границата со Сирија е фатен еден терорист.

Германскиот информативен сервис „Дојче Веле“: Во Германија опаѓаат платите на пратениците. Платите на пратениците кои минатата година поради пандемијата не беа покачени и оваа година се очекува да опаднат за 60 евра.

Германскиот информативен портал „Hessenschau.de“: Одбележување на расистичките напади во Ханау: Блиските на жртвите истакнаа дека и тие беа убиени од страна на напаѓачот.

Рускиот весник „Комерсант“: Руското министерство за надворешни работи предложи да бидат вакцинирани против Ковид-19 вработените во дипломатските мисии и нивните семејства во земјата (приближно 12 илјади лица). Некои амбасади го прифатија овој предлог, а некои меѓу кои се наоѓа амбасадата и на САД овој предлог го вратија назад.

Руската новинска агенција „РИА Новости“: Агенцијата „Блумберг“ го соопшти новиот список со санкции за „Северен тек-2“ којшто веројатно управата на САД во петок (денеска) ќе го достави на одобрение на Конгресот. На сипсиокот нема германски компании.

Рускиот информативен портал „РТ“: Портпаролката на руското министерство за надворешни работи Марија Захарова истакна дека Русија не сака да ги раскине врските со Европската унија (ЕУ).

Шпанскиот весник „Ел Паис“: Полицијата ги утврдува активистите кои се на страната на независност и против системот за време на демонстрациите коишто се појавија по апсењето на реп музичарот Пабло Хасел.

Аргентинскиот весник „Инфобае“: Венецуелскиот претседател Николас Мадуро соопшти дека војниците и политичарите во венецуела ќе бидат приоритетни во пристапот до вакцина против Ковид-19.

Венецуелскиот телевизиски канал „ТелеСур“: Како што е соопштено во Русија и Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) се вршат испитувањата на новата руска вакцина „ Sputnik Light“ против „Ковид-19“.

 



Слични вести