Странски печат 17.02.2021

Еве ги позначајните наслови во странските средства за информирање...

1585235
Странски печат 17.02.2021

Германскиот информативен портал „Tagesschau.de“: Германскиот весник Јенс Спах соопшти дека ќе бидат распространети тестирањата на коронавирусот кои даваат брз резултат и дека откако ќе бидат добиени потребните дозволи наскоро ќе бидат изнесени на пазарот и уредите со коишто луѓето самите ќе можат си вршат тестирање.

Германскиот весник „Вестфалише Нахрихтен“: Потсекретарката за усогласување на покраината Северна Рајна-Вестфалија во Германија Серап Ѓулер соопшти дека на изборите за федералниот парламент, Бундестагот, коишто ќе се одржат во месецот септември сака да се кандидира за пратеничка.

Германскиот информативен сервис „Дојче Веле“: Удар од коронавирусот врз вработувањето: За прв пат во последните 10 години се намали бројот на вработените во индустрискиот сектор во Германија.

Австрискиот информативен портал „Nachrichten.at“: Германија забраната за влегување во земјата од Тирол (поради епидемијата на новиот тип коронавирус Ковид-19) е продолжена до 3 март.

Германскиот информативен портал „Zeit.de“: Вакцината против коронавирусот: Џонсон и Џонсон (Johnson & Johnson) се обрати до Европската агенција за лекови (EMA) за одобрение на својата вакцина против Ковид-19.

Францускиот телевизиски каналФранс 24“: Американскиот претседател Џо Бајден сака повторно да ги регулира односите со Ријад и да го држи далеку од власт Мухамед Бин Салман (саудискиот престолонаследник).

Францускиот весникЛе Фигаро“: Според светската здравствена организација (СЗО) бројот на случаите на новиот тип коронавирус (Ковид-19) опадна за 16 отсто.

Францускиот весник „Ле Монд“: Поранешниот американски претседател Доналд Трамп ги повика Републиканците да заземат став против нивниот лидер во Сенатот Мич МекКонел.

Арапскиот весник Ал Кудс Ал Араби“ кој се објавува во Лондон: Американскиот државен секретар Антони Блинкен истакна дека веќе е отворен патот на дипломатијата со Иран.

Катарскиот информативен сервис Ал Џезира: Во Либија кадешто се одбележува 10-годишнината од револуцијата од февруари 2011 година во земјата, продолжуваат и работите за формирање на нова Влада.

Катарскиот весник Ал Раја Ал Катарија“ кој се објавува во Лондон: Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека мутациите можат да влијаат на одговорот т.е. реакцијата на вакцините против новиот тип коронавирус (Ковид-19)..

Шпанскиот весник „Ел Паис“: Лидерот на Народната партија (Partido Popular) во Шпанија Пабло Касадо соопшти дека поради тоа што се во прашање истраги за корупција неговата партија ќе ја напушти историската зграда во Мадрид.

Шпанскиот весник „Ел Мундо“: Шпанскиот премиер Педро Санчез во комитетот којшто е формиран за дистрибуција на европските фондови се вклучени само тројца членови од министерствата на коалициониот партнер левичарската партија Подемос.

Венецуелскиот телевизиски канал „ТелеСур“: Националниот изборен совет на Еквадор (CNE) не го одобри доставениот извештај за повторно пребројување на гласовите во некои области во врска со резултатите од првиот круг од одржаните избори на 7 февруари.

Рускиот информативен портал „Vesti.ru“: Американскиот државен секретар Антони Блинкен истакна дека и покрај сите присутни разидувања во ставовите со Русија, САД ќе бараат нови патишта за воспоставување на стратешката стабилност.

Рускиот весник „Комерсант“: Соединетите Американски Држави (САД) на самитот на министрите за одбрана на НАТО којшто започна денеска (среда) и ќе трае во текот на два дена, ќе ја постават на дневен ред руската закана.

Руската новинска агенција „РИА Новости“: Собранието на таканаречената „Република Нагорно Карабах“ (кое не се признава и од страна на Русија) ќе го постави на разгледување нацрт-законот за признавање на рускиот јазик како официјален јазик.

 



Слични вести