Странски печат 15.02.2021

Еве ги позначајните наслови во странските средства за информирање...

1583639
Странски печат 15.02.2021

Катарскиот весникАл Раја Ал Катарија: 12,4 милиони Сиријци се соочени со недостаток од храна.

Оманскиот весник Ватан“ кој се објавува во Лондон: Во Соединетите Американски Држави (САД) вакцината против новиот тип коронавирус (Ковид-19) се продаваат во аптеките.

Либанскиот весник Ал Мустакбал“ кој се објавува во Лондон: Секретаријатот на САД (Пентагон): Нашите војници во регионот (Блискиот исток) можат да се справат со иранската закана.

Францускиот весникЛе Монд“: Ручекот пред компјутер (во работните места) во Франција во периодот на Ковид-19 повторно се озаконува. (Забелешка: Во врска со забраната за ручекот на маса на работните места во земјата).

Францускиот весникЛе Фигаро“: Половината од лицата кои ги искористуваат банките за храна во Франција, за оваа помош се обратија за оваа помош пред помалку од една година. (Забелешка: Банките за храна во Франција им обезбедуваат помош во храна на лицата чија материјална состојба е недоволна).

Францускиот весник „Ле Паризиен“: Нападот на којшто беше подложена една мајка со нејзиното бебе во Париз доведе до огорченост. Министерката за родова рамноправност Марлен Чиапа и министерот за внатрешни работи Жерар Дарманин покажаа реакција против нападот.

Шпанскиот весник „Ел Паис“: Изборите во Каталонија: На одржаните избори во областа Каталонија во неделата сепаратистите повторно зајакнаа.

Шпанскиот весник „Ел Мундо“: По пребројувањето на гласовите на изборите во Каталонија прва партија стана Социјалистичката партија на  Каталонија „PSC“ која не се сепаратистички настроена, меѓутоа сепаратистите ги зачуваа нивните апсолутни позиции.

Венецуелскиот весник „Ел Национал“: Венецуела се стекна со првата пратка на руските вакцини против коронавирусот „Спутник В“.

Германскиот информативен портал „Tagesschau.de“: Германската канцеларка Ангела Меркел пред одбележувањето на годишнината од нападот во Ханау во кој загинаа 9 лица ги повика сите кои сакаат да живеат во соживот на солидарност против расистичкиот гнев..

Руската весник „Gazeta.ru“: Рурските воени функционери и дизајнери ги завршија тестирањата на системот за предупредување пред реализирање на ракетен напад.

Рускиот информативен портал „Lenta.ru“: Русија почнувајќи од денеска (15 февруари, понеделник) повторно ги започна авионските летови за Азербејџан и Ерменија кои беа сопрени поради пандемијата на коронавирусот.

Рускиот веб-сајт „Vesti.ru“: Во Русија е потврдено првото тестирање во светот коешто служи за дијагноза (утврдување) на новата варијанта на новиот тип коронавирус (Ковид-19) којашто за прв пат беше регистрирана во Велика Британија.

 



Слични вести