Странски печат 12.02.2021

Еве некои позначајни случувања за кои известуваат странските средства за информирање

1582988
Странски печат 12.02.2021

 

Германски „Франкфуртер алгемајне цајтунг“ истакнува дека на 22 февруари во Германија повторно ќе се отворат голем број училишта и градинки (кои се затворени поради епидемијата).

Германски „Зидојче цајтунг“ во веста посветена на коронавирусот во Германија истакнува дека министерот за внатрешни работи Хорст Зехофер сака да воведе забрана за влез од Чешка и австриската покраине Тирол.

Германскиот новински сјат „dpa“ истакнува дека Сојузниот совет (Бундесрат) денес со говорот на претседателот Франк-Валтер Штајнмаер ќе ја одбележи својата 1000-та седница.

Либанскиот весник „Ел дустур“ истакнува дека по зголемувањето на бројот на случаите од Ковид-19 во Саудиска Арабија и смртта на муезин, беа затворени 10 џамии.

Катарскиот весник „Елраја“ истакнува дека Емирот на Катар, шеикот Тамим бин Хамад Ал Тани, со турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу ги разгледа стратешките односи меѓу двете земји.

Катарскиот весник „Елара“ истакнува дека Односите меѓу Катар и Турција се стратешки ... и постои соработка во различни области.

Францускиит меѓународен ТВ-канал „Франс 24“ во веста посветена на Ковид-19 во Африка истакнува дека Светската здравствена организација (СЗО) е загрижена за зголемувањето на бројот на смртните случаи за 40 отсто за еден месец.

Францускиот весник „Ле Монд“ во веста посветена на ситуацијата во врска со епидемијата на Ковид-19 во Франција истакнува дека британската варијанта на вирусот е една четвртина од инфекциите.

Руски „regnum.ru“ истакнува дека рускиот претседател Владимир Путин нема да присуствува на Минхенската безбедносна конференција што ќе се одржи преку видео конференција од 19-20 февруари.

Руската новинска агенција „ТАСС“  истакнува дека претседателот на Турција Реџеп Тајип Ердоган ја прими втората доза на вакцината против коронавирусот.

Рускиот новински портал „Лента.ру“ истакнува дека новата американска администрација одби да признае дека Крим припаѓа на Русија и да ги укине санкциите.

Шпанскиот весник „Ла Вангардија“ истакнува дека два лека, стапката на најсериозните смртни случаи од Ковид-19 ја намали на половина.

Аргентинскиот новински веб портал „Инфобае“ истакнува дека Белата куќа, одлуката за повторно отворање на американските училишта ја препушти на Центарот за контрола и превенција на болести (ЦДЦ).

Венецуелскиот ТВ-канал „Телесур“ истакнува дека во Бразил се протестира небезбедно враќање во училиштата поради епидемијата.



Слични вести