Странски печат 11.02.2021

Еве ги позначајните наслови во странските средства за информирање...

1581533
Странски печат 11.02.2021

Францускиот весникЛе Монд“: Пандемијата на Ковид-19: Вирусот веројатно се шири во Франција почнувајќи од ноември 2019 година.

Францускиот телевизиски канал „Франс 24“: Претседателката на Европската комисија (ЕК) Урсула фон дер Лејен ги прифати неуспесите на Европската унија (ЕУ) по прашањето на вакцините против Ковид-19.

Францускиот весникЛе Монд“: Започната истрага против двајца полициски службеници кои применувале насилство врз демонстрантите жолти елеци, вклучувајќи го и Џером Родригес (еден од водечките имиња на жолтите елеци) кој го загуби своето око.

Венецуелскиот телевизиски канал „ТелеСур“: Турција во 2023 година ќе оствари вселенска мисија на Месечината.

Шпанскиот весник „Ел Паис“: Европската унија (ЕУ) ги обвинува фармацевтските компании за преувеличување на своите капацитети за производство на вакцините против Ковид-19.

Шпанскиот весник „Ла Вангардија“: Шпанската принцеза Леонор ќе оди во гимназија во Велс во Велика Британија.

Германскиот информативен сервис „Дојче Веле“: Германија се подготвува да ги пушти во сообраќај автономните возила (без возач).

Германскиот информативен портал „Wienerzeitung.at“: Европската унија (ЕУ) запали зелено светло за пакетот за помош во висина од 750 милијарди евра. Меѓутоа, за да се реализира оваа помош има бројни препреки коишто треба да се надминат.

Германскиот информативен портал „Tagesschau.de“: Ограничувањата во врска со коронавирусот во Германија се продолжени до 7 мај.

Арапскиот весник Ал Кудс Ал Араби“ кој се објавува во Лондон:За една недела во близина на бреговите на Либија се спасени повеќе од 1.500 мигранти.

Јорданскиот весник Ал Дустур“ кој се објавува во Лондон: Европската унија (ЕУ) бара Израел да ги сопре своите активности за изградба на населби.

Катарскиот весникАл Раја Ал Катарија:Министерот за надворешни работи на Турција Мевлут Чавушоглу (За време на посетата на Маскат, главниот град на Оман, како дел од неговата Заливска турнеја) рече: „Посакуваме обединет и стабилен Заливски регион.“

Руската новинска агенција „РИА Новости“: Руската амбасада во Вашингтон ја повика американската армија да стави крај на своите изговори за присуство во Црното Море.

Руската новинска агенција „ТАСС“: Според експерти, мутираната варијанта на новиот тип коронавирус (Ковид-19) во Велика Британија би  можела да почне да се шири во Русија на средината на пролет.

Рускиот весник „Известија“: Руските и турските војници реализираа заедничка воена обука во Идлиб.

 



Слични вести