Странски печат 09.02.2021

Еве ги позначајните наслови во странските средства за информирање...

1579939
Странски печат 09.02.2021

Германскиот информативен сервис „Дојче Веле“: Во Германија во 2020 година се регистрирани повеќе од 900 извршени напади против муслиманите и муслиманските организации.

Германскиот информативен портал  zdf.de“: Австриската Влада поради епидемијата на коронавирусот објави предупредување за патување во сојузната покраина Тирол.

Арапскиот весник Ал Кудс Ал Араби“ кој се објавува во Лондон: Официјалните власти на Мјанмар се закануваат со давање одговор на протестите и применуваат воена состојба во некои градови.

Арапскиот весник Ал Кудс Ал Араби“ кој се објавува во Лондон: Целта на силите на САД во Сирија веќе не е одбраната на нафтата.

Катарскиот весникАл Раја Ал Катарија: Катарскиот заменик премиер и министер за надворешни работи Шејх Мухамед бин Абдулрахман Ал-Тани оствари телефонски разговор со советникот за национална безбедност на САД Џејк Суливан.

Францускиот весникЛе Фигаро“: Ковид-19: Школските лекари (во Франција) бараат да бидат затворени училиштата во времетраење од 4 недели.

Францускиот телевизиски канал „Франс 24“: Ковид-19: (Францускиот претседател Емануел) Макрон се состана со генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО) по прашањето на интензивирањето на вакцинацијата.

Шпанскиот весник „Ел Паис“: Министерката за економија и дигитална трансформација на Шпанија Надиа Калвино рече дека поради остриот трет бран што се доживува во пандемијата на Ковид-19 државата треба да ја интензивира економската поддршка на фирмите.

Шпанскиот весник „Ел Мундо“: Претседателот на Парламентот на Каталонија Роџер Торент рече дека решавањето на каталонскиот проблем ќе дојде со прифаќање на референдумот (во оваа област) од страна на државата.

Венецуелскиот телевизиски канал „ТелеСур“: Советникот на Националниот изборен совет (ЦНЕ) на Еквадор Хозе Кабрера, истакна дека би можело да одземе време со денови да се утврди противникот на Андрес Арауз во вториот круг од претседателските избори.

Рускиот информативен сервис „Русија Тудеј“: Поради „катастрофата“ што се доживува во раздавањето на вакцините против коронавирусот во Европа, германската Влада го разгледува прашањето за купување на вакцина од руско производство .

Рускиот весник „Известија“: Руското министерство за надворешни работи, депортирањето на руските дипломати од Полска, Германија и Шведска го окарактеризира како „неосновано“.

Рускиот веб сајт „РБК“:  Во Русија би можело да им се дозволи на мајките кои сакаат парите коишто им се исплаќаат од страна на државата да ги користат во инвестирање во хартии од вредност.

 



Слични вести