Странски печат 05.02.2021

Еве ги позначајните наслови во странските средства за информирање...

1577747
Странски печат 05.02.2021

Германскиот информативен сервис „Дојче Веле: Етичкиот совет на Германија ја отфрли привилегијата за вакцина. Етичкиот совет се спротивстави на ослободување од ограничувањата на вакцинираните лица од Ковид-19 (имунизираните).

Катарскиот весник Ал Раја Ал Катарија“: Во Катар во рамките на мерките против Ковид-19 е донесена одлука за затворање на местата за забава, градините и плажите.

Катарскиот весник Ал Раја Ал Катарија“: Во Мароко во рамките на мерките против Ковид-19 е продолжена прогласената итна здравствена состојба.

Арапскиот весник Ал Кудс“: Фондот за средства на Турција се подтготвува да ги започне енергетските и рударските инвестиции.

Шпанскиот весник „Ел Пиас“: Комитетот за национален здравствен систем на Шпанија дискутира дали вакцината „АстраЗенека“ ќе се применува само на лицата под 65 годишна возраст, или на лицата на возраст под 55 години.

Шпанскиот весник „Ел Економиста“: Шпанската Влада формира фонд во износ од 100 милиони евра за поддршка на претпријатијата од мал и среден обем во секторот на воздухопловството.

Аргентинскиот весник „Инфобае“: Опозицијата во Венецуела предводена од Хуан Гуаидо планира своите планови во врска со Венецуела да ги достави до претседателот на САД Џо Бајден.

Францускиот весникЛе Монд“: Џо Бајден бара САД да се вратат на дипломатијата којашто е воспоставена над „сојузништва“ и „вредности“.

Францускиот телевизиски каналФранс 24“: Еден ирански дипломат кој планирал да изврши напад во Франција во Белгија осуден на затворска казна.

Швајцарскиот весникЛе Темпс“: (Против мерките против Ковид-19) Во цела Европа постои гнев којшто постепено се повеќе расте и којшто не може да се сопре од страна на вакцините.

Руската новинска агенција „РИА Новости“: Украина, поради несреќата во две електрични централи побара помош од Белорусија.

Рускиот весник „Известија“: Американски експерти истакнаа дека предноста на вакцината против новиот тип коронавирус (Ковид-19) од руско производство е таа што не бара многу ниска температура прит транспортот.

Руската новинска агенција „Регнум“: Администрацијата на новиот претседател на Соединетите Американски Држави (САД) Џо Бајден соопшти дека различно од Доналд Трамп нема да остане нема пред агресивните дејства на Русија.

 



Слични вести