Странски печат 03.02.2021

Еве ги позначајните наслови во странските средства за информирање...

1576329
Странски печат 03.02.2021

Германскиот информативен порталBild.de“: Германија за борба против коронавирусот ќе испрати во Португалија свои војници и лекари.

Германскиот весник „Франкфуртер Алгемајне Цајтунг“: Судска парница во Москва - Рускиот опозиционер Алексеј Навални ќе лежи во затвор 2,5 години.

Германскиот информативен портал „Spiegel.de: Процентот на ефикасност на руската вакцина против коронавирусот „Спутник В“ изнесува 91,6 отсто.

Францускиот весникЛе Паризиен“: Ковид-19: Францускиот претседател Емануел Макрон вети дека до крајот на летото ќе можат да се вакцинираат сите Французи кои сакаат да се вакцинираат.

Францускиот весникЛе Монд“: Продолжува загрижувачката британска варијанта на коронавирусот.

Францускиот телевизиски каналФранс 24“: Ковид-19: Експертската екипа на Светската здравствена организација (СЗО) го посети Институтот за вирологија во Вухан во Кина.

Катарскиот весник Ал Раја Ал Катарија“: Европската унија (ЕУ) го предупреди Косово да не отвора своја амбасада во Ерусалим (Кудс). Арапската лига (АЛ) одлуката на Косово за отворање на амбасада во Ерусалим (Кудс) ја оцени како кршење на меѓународното право и ја осуди оваа одлука.

Јорданскиот весник Ал Дустур“: За 2 месеци во светот се извршени 100 милиони вакцини против новиот тип коронавирус (Ковид-19).

Катарскиот информативен сервис „Ал Џезира“: По нормализацијата Израел му предложи на Судан да применува проекти за инвестирање во оваа земја.

Шпанскиот весник „Ел Пиас“: Според податоците на Европската Централна банка, Шпанија стана земја на Еврозоната која потроши најмалку пари за справување со економската криза којашто се појави минатата година.

Шпанскиот весник „Ел Мундо“: Со секој поминат ден се повеќе се заоструваат мерките коишто се преземаат за спречување на ширењето на епидемијата на Ковид-19 во голем број шпански градови, како што се Мадрид, Малага и Астуриас.

Венецуелскиот телевизиски канал „ТелеСур“: Кандидатот за претседател во Еквадор Андрес Арауз, со тврдење дека изброната кампања ја води со проневерени пари поднесе жалба до јавното обвинителство против својот ривал и банкар Гилермо Ласо.

Рускиот весник „ТАСС“: Портпаролката на руското министерство за надворешни работи Марија Захарова следењето на судската парница на опозицискиот политичар Алексеј Навални што се одржа во Москва, го окарактеризира како „политички акт“.

Рускиот весник „Комерсант“: За време на протестите за поддршка на Алексеј Навални во Њујорк беше фрлена црвена боја врз Генералниот конзулат на Русија. Генералниот конзулат побара од Државниот секретаријат на САД да биде воспоставена безбедноста на дипломатското претставништво.

Рускиот информативен портал „Gazeta.ru“: Кина е спремна да соработува со Русија по прашањето на производството на вакцина против новиот тип коронавирус (Ковид-19).

 



Слични вести