Странски печат 01.02.2021

Еве ги позначајните наслови во странските средства за информирање...

1574880
Странски печат 01.02.2021

Францускиот весникЛе Монд“: Мјанмар: Претседателот на Државниот совет и министер за надворешни работи Аунд Сан Суу Кји е уапсен од страна на армијата и е прогласена едногодишна вонредна состојба во земјата.

Францускиот весникЛе Фигаро“: Унгарскиот премиер Виктор Урбан ги предизвикува Европејците со руските и кинеските вакцини.

Белгискиот весникЛе Суар“: Белгија: АстраЗенека ќе го зголеми бројот на вакцините коишто ќе и ги предаде на Европската унија (ЕУ).

Катарскиот весник Ал Раја Ал Катарија“: Најлоша земја во управувањето со новиот тип коронавирус (Ковид-19) е Бразил, а најдобра земја Нов Зеланд.

Оманскиот весник Ватан“: Оман во рамките на борбата против Ковид-19 својата одлука за затворање на копнената граница ја продолжи до 8 февруари.

Либанскиот весник „Ал Мустакбал“: Британскиот весник „Гвардијан“: Во Кина утврден нов вирус... Смртноносен и заразен, изворот пак се лилјаци.

Германскиот информативен порталN-TV.de“: Германскиот министер за внатрешни работи Хорст Сехофер: „Да се оди во странство без поголема потреба би претставувало глупавост.“

Германскиот информативен сервис „Дојче Веле“: Министерот за национална одбрана на Турција Хулуси Акар, во вторник ќе се состане со својата германска колешка Анегрет Крамп-Каренбауер.

Германскиот информативен портал „FAZ.de: Пандемијата ја намали заинтересираноста кон германските универзитети.

Шпанскиот весник „Ел Мундо“: Дознаени се деталите на договорот којшто шпанската фудбалска екипа Барселона го склучи со аргентинскиот фудбалер Лионел Меси. Според тоа, Барселона за Меси во периодот 2017-2020 година плати точно 555 милиони евра.

Шпанскиот весник „Ел Паис“: Црквата во Шпанија прифати дека е одговорна во уште 126 судски постапки за сексуална злоупотреба.

Венецуелскиот весник „Ел Национал“: Мексико предвидува дека загубите коишто ќе се појават поради суспендирањето на летовите со Канада ќе изнесуваат 782 милиони долари.

Руската новинска агенција „РИА Новости“: Премиерот на Руската Федерација Дмитри Медведев истакна дека со интернетот управуваат Соединетите Американски Држави (САД) и дека доколку затреба Русија би можела да го прекине интернетот и да премине во друга алтернативна сфера.

Рускиот весник „Комерсант“: И покрај тоа што за време на вчерашните одржани протести (со барање за ослободување на опозицискиот политичар Алексеј Навални) во главниот град Москва беа затворени центарот на градот и некои метро станици, протестирачите контактирајќи преку апликацијата „Телеграм“ успеаја да пристигнат до главните патишта.

Рускиот информативен портал „Lenta.ru“: Поради порастот на тарифите (цените) во морскиот транспорт во Русија ќе се оствари остар пораст во цените на белата техника и готовата облека коишто се увезуваат.

 



Слични вести