Странски печат 27.01.2021

Еве ги позначајните наслови во странските средства за информирање...

1571982
Странски печат 27.01.2021

Францускиот весник „Ле Паризиен“: Помошник тренерот на Башакшехир Пјер Вебо кој за време на минатомесечниот одигран натпревар со Париз Сен-Жермен (ПСЖ) беше подложен на расистички напад го изрази своето жалење поради „недоволната поддршка од поранешниот тренер на ПСЖ Томас Тучел“.

Францускиот весникЛе Монд“: Ковид-19: Европската унија (ЕУ) ги предупреди производителите на вакцина по прашањето на нивните „обврски“.

Францускиот телевизиски каналФранс 24“: Ковид-19: Просветните работници (наставниците), учениците и медицинските сестри во училиштата во Франција започнаа штрајк за протестирање против политиката на Владата во борбата против епидемијата.

Арапскиот весник Ал Кудс Ал Араби“ кој се објавува во Лондон: Вашингтон: Го поддржуваме решението со две држави (помеѓу Палестина и Израел) и упатуваме повик за повеќе нормализација со Израел.

Катарскиот весник Ал Раја Ал Катарија“: Катарскиот емир Шејх Тамим бин Хамад Ал Тани испрати порака со сочувство до саудискиот крал Салман бин Абдулазиз по повод смртта на принцезата Тарфе бинти Сауд бин Абдулазиз.

Јорданскиот весник „Ал Дустур“: Генералниот секретар на Обединетите нации (ОН) Антонио Гутерес истакна дека светот ја доживува најлошата економска криза на векот.

Германскиот информативен сервис „Дојче Веле“: Новата мутација создаде загриженост во Германија: Овојпат не би можело да се забележи подобрување во топлите денови.

Германскиот весник„Зудојче Цајтунг“: Остварен првиот телефонски разговор помеѓу германската канцеларка Ангела Меркел и американскиот претседател Џо Бајден. Очекувањата во Берлин се високи.

Германскиот информативен портал „Bild.de: Мутацијата на короната: Германската канцеларка Ангела Меркел бара ограничување за патувањата.

Шпанскиот весник „Ел Мундо“: Растот на бројот на учениците кои поради Ковид-19 не можат да ја следат нормално наставата ги загрижува наставниците и родителите. Процентот на одделенијата во карантин се зголеми за 60 отсто.

Шпанскиот весник „Ла Вангардија“: Според прогнозите на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) за наредните години, Шпанија ќе оствари во значителна мера помал раст од очекуваното.

Венецуелскиот телевизиски канал „Телесур“: Венецуелскиот претседател Николас Мадуро соопшти дека оваа недела е започнато со производство на домашниот лек Карвативир за лекување на коронавирусот.

Рускиот весник „Комерсант“:  Рускиот претседател Владимир Путин го оствари својот прв телефонски разговор со новиот американски претседател Џо Бајден.

Руската новинска агенција „РИА Новости“: Рускиот претседател Владимир Путин ја достави на одобрение во долниот Дом на рускиот Парламент Думата одлуката за продолжување на Договорот за намалување на новите стратешки оружја (Нов СТАРТ).

Руската новинска агенција „ТАСС“:  Русија повторно ги започна редовните летови со Виетнам, Индија, Финска и Катар коишто минатата година беа сопрени поради пандемијата.

 



Слични вести