Странски печат 26.01.2021

Еве некои позначајни случувања за кои известуваат странските средства за информирање

1571161
Странски печат 26.01.2021

 

Германски „Н-ТВ“ истакнува дека Германија е на штрек против новиот вид мутиран коронавирус (Ковид-19).

Германска „ФАЗА“ истакнува дека италијанскиот премиер Џузепе Конте сака да поднесе оставка.

Француски „Ле Фигаро“ истакнува дека францускиот претседател Емануел Макрон на странските сопственици на деловните активности и компаниите им даде ветување дека ќе продолжат со реформите во земјата.

Француски „Франс 24“ истакнува дека Турција сака да ги проблемите со Грција во Источен Медитеран:.

Француски „Франс 24“ истакнува дека Грција нарача 18 борбени авиони „Рафал“ од Франција во вредност од 2,5 милијарди евра.

Katarski „Ал-Раја“ истакнува дека Фондот за деца при Обединетите нации (УНИЦЕФ) соопшти дека „Половина од сириските деца немаат образование“.

Катарски „Ал-Раја“ истакнува дека 3 ракети паднаа во близина на аеродромот во Багдад и започна безбедносна операција против терористичката организација ДАЕШ.

„Ал-Кудс ал-Араби“ истакнува дека  израелската делегација предводена од израелскиот министер за разузнавање Ели Кохен го посети Судан.

Јордански „Ал-Дастур“истакнува дека претседателот на Соединетите Американски Држави (САД) Џо Бајден рече дека „На лето, ќе се доближиме до постигнување имунитет на стадо (колективен имунитет) против Ковид-19“.

Шпански „Ел Паис“ истакнува дека шпанскиот министер за здравство Салвадор Ила денес со ненадејна одлука поднесе оставка со цел да се фокусира на својата кандидатура за изборите во Каталонија. Одлуката на Ила ги налути и неговите приврзаници и опозицијата.

Шпански „Ел Мундо“ истакнува дека ситуацијата во затворот во Вилена во Шпанија е критична: 60% од затворениците се во карантин поради Ковид-19.

Венецуелскиот „ТелеСУР“ истакнува дека главното обвинителство на Еквадор на официјалниот профил на Твитер објави пост преку кој истакна дека поранешниот потпретседател Хорхе Глас од страна на Кривичниот суд на Националниот суд на правдата е осуден на осум години затвор.

Руската новинска агенција „РИА Новости“ истакнува дека Леонид Ринк, еден од развивачите на отровното хемиско оружје „Новичок“ планира да произведе ефикасен лек против Ковид-19.

Рускиот весник „Ведомости“ истакнува дека рускиот претседател Владимир Путин објави дека ограничувањата за коронавирус може постепено да бидат укинати.

„Лента.ру“ истакнува дека азербејџанскиот потпретседател Хикмет Хаџијев рече дека руските мировни сили стационирани во Нагорно Карабах работат професионално.



Слични вести