Странски печат 25.01.2021

Еве ги позначајните наслови во странските средства за информирање...

1570374
Странски печат 25.01.2021

Францускиот весникЛе Монд“: Во Холандија е уапсен Це Чи Лоп, кој важи за еден од најбараните лица, а со сомневање дека е нарко-барон во Азија.

Францускиот телевизиски каналФранс 24“: Остварен е првиот телефонски разговор помеѓу францускиот претседател Емануел Макрон и американскиот претседател Џо Бајден по неговото стапување на должност.

Белгискиот весникЛе Суар“: Во училиштата во Белгија расте загриженоста во врска со новиот тип кронавирус (Ковид-19).

Арапскиот весник Ал Кудс Ал Араби“ кој се објавува во Лондон: Новиот израелски амбасадор дојде во Вашингтон со список што ќе и го врачи на администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден.

Катарскиот весник Ал Раја Ал Катарија“: Меѓународна пофалба на напорите на Катар за борба против корупцијата.

Јорданскиот весник „Ал Дустур“: Јеменската влада и делегацијата на Хусите ги започнаа преговорите во Јордан.

Шпанскиот весник „Ел Паис“: Поради појавата на новата варијанта на коронавирус во Велика Британија, Шпанија се соочува со најлошиот период во третиот бран од пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19).

Мексиканскиот весник „Ел Универсал“: Мексиканскиот претседател Мануел Лопез Обрадор ќе оствари телефонски разговор со рускиот претседател Вкладимир Путин по прашањето на набавката на вакцината „Спутник В“.

Колумбискиот весник „Ел Тиемпо“: „Целосно свртување на правецот“ за закопување во земјата на периодот на Доналд Трамп во Соединетите Американски Држави (САД): Новиот претседател Џо Бајден потпиша 30 уредби за надминување на присутната криза.

Германскиот информативен сервис „Дојче Веле“: Анкара и Атина изминати 5 години повторно на маса.

Германскиот информативен порталStuttgarter-Nachrichten.de“: Месут Озил, едната од ѕвездите на светскиот фудбал, официјално во Фенербахче.

Германскиот информативен портал „Tagesschau.de: Германија се подготвува да биде првата земја која ќе го користи лекот од антитела во Европската унија (ЕУ), против коронавирусот.

Рускиот информативен портал „Gazeta.ru“:  Бродот „Фортуна“ повторно ги започна работите за изградба на гасоводот „Северен тек-2“ во Данска.

Рускиот весник „Известија“: Во Русија може да им се изречат парични казни на оние кои под името добротворни цели и хуманитарност собираат парии по пат на незаконски методи.

Рускиот информативен сервис „Раша Тудеј“:  Русија е изоставена од правото на учество на состаноците на коишто се дискутира за проектите што се водат во рамките на Меѓународната програма за Месечината.

 



Слични вести