Странски печат 21.01.2021

Еве ги позначајните наслови во странските средства за информирање...

1568186
Странски печат 21.01.2021

Германскиот информативен порталzdf.de“: Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер го изрази своето задоволство од стапувањето на должност на Џо Бајден како нов претседател на Соединетите Американски Држави (САД).

Германскиот информативен сервис „Дојче Веле“: Во Германија ќе биде забрането уништувањето на машките пилиња.

Германскиот весник „Зудојче Цајтунг“: Во Германија се воведува задолжително носење на маски во градскиот превоз и продавниците.

Шпанскиот весник „Ла Вангардија“: Во експлозијата којашто се случи во една зграда во центарот на главниот град на Шпанија, Мадрид, загинаа најмалку 3 лица.

Шпанскиот весник „Ел Паис“: Новиот претседател на Соединетите Американски Држави (САД) Џо Бајден ги покани сите Американци да се започне сѐ од почеток.

Венецуелскиот телевизиски канал „Телесур“: Венецулскиот претседател Николас Мадуро го повика Националното Собрание да покрене иницијатива за повторно започнување на односите со Соединетите Американски Држави (САД).

Францускиот весникЛе Паризиен“: Ковид-19: Франција размислува да воведе задолжително тестирање (од Ковид-19) за патниците кои ќе доаѓаат од другите земји на Европската унија (ЕУ).

Францускиот весникЛе Монд“: Француското Национално Собрание го одобри продолжувањето на вонредната состојба во сферата на здравството.

Францускиот весникЛе Фигаро“: Нацртот за исламски принципи во Франција: Три федерации во склопот на Исламскиот совет на Франција (CFCM) одбиваат да го потпишат документот во сегашната форма.

Катарскиот информативен сервис „Ал Џезира“: По церемонијата на полагање заклетва (во САД): Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го повикува новиот претседател на САД Џо Бајден да се соочи со Иран. Европа, го поздравува својот „пријател“ во Белата куќа, а палетсинскиот претседател Махмуд Абас бара да го воспостави мирот.

Арапскиот весник Ал Кудс Ал Араби“ кој се објавува во Лондон: Поранешниот претседател на САД Доналд Трамп на еден час пред стапувањето на должност на новиот претседател Џо Бајден потпиша голем договор за продажба на оружје на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ).

Катарскиот весник Ал Раја Ал Катарија“: Египет соопшти дека повторно се започнати дипломатските односи со Катар.

Рускиот весник „Комерсант“:  Бројот на странците кои дојдоа во Русија во 2020 година во споредба со 2019 година се намали за 70 отсто.

Руската новинска агенција „РИА Новости“: НАСА сака да го намали бројот на своите претставништва во Русија.

Рускиот информативен сервис „Раша Тудеј“:  Руската државна институција за надзор на технологиите за информирање и колективна комуникација „Роскомнадзор“ бара од руската социјална мрежа „ВКонтакте“ да ги избрише повиците за учество на протестите (коишто се одржуваат за ослободување на приведениот руски опозициски политичар Александар Навалниј).

 



Слични вести