Странски печат 19.01.2021

Еве ги позначајните наслови во странските средства за информирање...

1566500
Странски печат 19.01.2021

Германскиот информативен порталt-online.de“: Германскиот министер за надворешни работи Хеико Мас рече дека се надева на нов почеток во односите со Турција.

Германскиот информативен портал „Bilde.de“: Германската канцеларка Ангела Меркел денеска во пладневните часови ќе се состане со премиерите на покраините со кои ќе разговара за целосното затворање и новите правила во врска со коронавирусот.

Германскиот информативен портал „Spiegel.de: Експертите бараат од Владата да преземе поригорозни мерки против коронавирусот.

Германскиот информативен сервис „Дојче Веле“: Во покраината Баварија е забележан нов вид на коронавирусот.

Шпанскиот весник „Ел Паис“: Шпанската министерка за индустрија и туризам Рејес Марото рече дека издавањето на „пасош за вакцинација“ за лицата кои се вакцинирани од Ковид-19 би можело повторно да доведе до раздвиженост во туризмот.

Чилеанскиот весник „Ла Терцера“: Видот на новиот тип коронавирус (Ковид-19) кој се забележува во Бразил располага со иста мутација со утврдениот во Велика Британија и Јужна Африка; Сите се попреносливи, позаразни.

Мексиканскиот весник „Ел Универсал“: Рестораните во Мексико Сити се отворени повторно со нови преземени превентивни мерки против епидемијата.

Арапскиот весник Ал Кудс“ кој се објавува во Лондон: Денеска доаѓа руската вакцина: Израелската Влада прифати руската вакцина да ја внесе на палестинските територии.

Јорданскиот весник Ал Дустур“ кој се објавува во Лондон: На Светскиот економски форум (Самитот во Давос) кој поради пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) ќе се одржи од 13 до 16 мај во Сингапур, ќе се дискутира за актуелните економски, еколошки, социјални и технолошки тешкотии.

Палестинскиот весникАл Ајам: Главниот град на Соединетите Американски Држави (САД) Вашингтон се претвара во ров пред стапувањето на должност на новиот претседател Џо Бајден на 20 јануари.

Белгискиот весникЛе Суар“: Американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека е укината забраната за патување којашто се применува поради Ковид-19 кон некои европски земји и Бразил, додека пак екипата на новоизбраниот американски претседател Џо Бајден соопшти дека забраната ќе продолжи.

Францускиот весникЛе Монд“: На 48 часа пред стапувањето на должност на новоизбраниот претседател на Соединетите Американски Држави (САД), во главниот град Вашингтон се поставени барикади.

Францускиот телевизиски каналФранс 24“: Отворањето на познатиот забавен парк „Дизниленд парк“ во главниот град на Франција, Париз, кој е затворен во рамките на преземените мерки поради Ковид-19, од 23 февруари е одложено на 2 април.

Руската новинска агенција „Интерфакс“:  Рускиот опозициски политичар Алексеј Навалниј кој на враќање од Германија во Русија беше веднаш притворен на аеродромот на кој слета, ќе остане во притвор до 15 февруари.

Рускиот весник „Комерсант“: Германија ја потврди информацијата дека Соединетите Американски Држави (САД) воведоа нови санкции во врска со гасоводот „Северен тек-2“.

Рускиот весник „Известија“:  Амбасадорот на Италија во Русија ја прими вакцината „Спутник В“ која е произведена против коронавирусот во Русија и информира дека не почувствувал било какви нуспојави.

 



Слични вести