Странски печат 18.01.2021

Еве некои позначајни случувања за кои известуваат странските средства за информирање

1565650
Странски печат 18.01.2021

 

Катарскиот весник „Ал-Раја ал-Катарија“ истакнува дека Саудиска Арабија ги обновува дипломатските односи со Катар.

Оманскиот весник „ВАТАН“ истакнува дека според една студија спроведена во Соединетите Американски Држави (САД), депресијата и стресот ја ослабуваат реакцијата на организмот на вакцината.

Либански „Ел-Мустакбал“истакнува дека Амбасадорот на Обединетите Арапски Емирати во Русија го загуби животот.

Француски „Ле Паризиен“ во веста посветена на Повелбата за исламски принципи во Франција истакнува дека денес претседателот Емануел Макрон денес ќе ја прими делегацијата на Исламскиот совет на Франција (CFCM).

Белгиски „Ле Соар“ истакнува дека по (откривањето на) мутираната верзија на коронавирусот што се појави во Велика Британија, многу училишта во фламанскиот регион се затворија.

Мексикански „Ел Универзал“ истакнува дека Гватемалските власти насилно ги запреа мигрантите од Хондурас. (Групата која има за цел да стигне до САД се состои од приближно 9 илјади луѓе).

Аргентински „Инфобае“ истакнува дека експертите предупредуваат во врска со депресијата п о повод Ковид-19 и истакнуваат дека „Пандемијата е најагресивниот социјален фактор на стрес што човештвото го доживеа досега“.

Шпански „Ел Мундо“ истакнува дека шпанскиот регион Андалузија од владата бара полицискиот час за борба против ковид-19 да го повлече во порани часови.

Германски „Tagesschau.de“ истакнува дека  барањето на германскиот министер за надворешни работи Хеико Маас „Треба да се олеснат мерките за корона за оние кои се вакцинирани“ не беше поддржано.

Германски „Дојче Велес“ истакнува дека Џо Бајден, кој победи на претседателската избори во САД, првиот ден кога ќе ја преземе функцијата ќе ја укине забраната за патување на граѓаните во муслиманските земји.

Германски „Welt.de“ истакнува дека германската централна влада и сојузните држави во вторник ќе разговараат за мерките против коронавирусот. Мерките се очекува да бидат дополнително засилени.

Руската новинска агенција „ТАСС“ истакнува дека рускиот дисидент Алексеј Навални беше приведен на аеродромот Шереметјево во Москва.

Веб-страница „Комерсант.ру“ истакнва дека денес Русија започнува масовна спроведување на вакцини против коронавирус. Русите кои сакаат да се вакцинираат ќе можат да избираат помеѓу две вакцини, Спутник V и ЕпиВакКорона.

Руски „РИА Новости“ го објавува предвидувањето на рускиот сенатор Алексеј Пушков кој рече дека со доаѓањето на Џо Бајден на власт, САД уште повеќе ќе ја користат Украина против Русија и ќе се влошат руско-американските односи.



Слични вести