Странски печат 15.01.2021

Еве ги позначајните наслови во странските средства за информирање...

1564207
Странски печат 15.01.2021

Германскиот информативен портал „Spiegel.de: Американскиот претседател Џо Бајден кој наскоро и официјално ќе ја преземе должноста планира да стави на располагање пакет за помош поради коронавирусот во висина од 1,9 трилиони долари.

Германскиот информативен сервис „Дојче Веле“: Тешкотии во автомобилската индустрија; недостатокот од полупроводнички производи станува причина за тешкотии во автомобилското производство.

Германскиот информативен портал  ard.de“: Германската канцеларка Ангела Меркел не сака да губи време. Меркел, поради мутацијата на коронавирусот којашто е многу позаразна (попреносливла) без да губи време сака да се состане со премиерите на покраините и да разговара за воведување на  поригорозни мерки.

Јорданскот весник Ал Дустур“: Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека втората година на пандемијата би можела да биде потешка.

Арапскиот весник Ал Кудс Ал Араби“ кој се објавува во Лондон: Окупаторската земја Израел им се одмаздува на населените места кои се обидуваат да ги одбранат своите територии од нападите на еврејските доселеници.

Оманскиот весникАл Ватан: Расте цената на кувајтската нафта.

Шпанскиот весник „Ел Паис“: Третиот бран во епидемијата на коорнавирусот расте уште од пред Божиќ. Бројот на инфектираните се зголеми за три пати, бројот на хоспитализираните лица во болниците се зголеми за два пати.

Кубанската новинска агенција „Пренса Латина“: Аргентинскиот претседател Алберто Фернандез го озакони абортусот, кој претходно беше легализиран.

Аргентинскиот весник „Инфобае“: Иранскиот режим испрати офицери за обука на армијата во Венецуела.

Францускиот телевизиски канал „Франс 24“: Ковид-19: Забраната за излегување на улица (за движење) којашто се спроведува во некои области по 18:00 часот, почнувајќи од сабота (утре) е проширена со тоа што ќе важи за целата територија на Франција.

Францускиот весникЛе Монд“: Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро го обвини францускиот претседател Емануел Макрон за кого рече дека „дава глупави изјави“ во врска со сојата.

Белгискиот весникЛе Суар“: Федералното биро за истражување на ФБИ е загрижено од настаните со насилство до коишто би можело да дојде за време на инаугураницата на новиот претседател Џо Бајден.

Рускиот информативен портал „Lenta.ru“: Твитер го блокира профилот на вакцината „Спутник В“ развиена од страна на Русија против новиот тип коронавирус (Ковид-19).

Руската новинска агенција „ТАСС“: Процентот на банкротирање на руските граѓани и иницијатори поединци во 2020 година се зголеми за околу 73 отсто.

Руската новинска агенција „РИА Новости“:  Гувернерот на Република Бурјант во склопот на Русија Алексеј Циденов ја разреши од должност локалната влада.

 



Слични вести