Странски печат 13.01.2021

Еве ги позначајните наслови во странските средства за информирање...

1562715
Странски печат 13.01.2021

Германскиот информативен сервис „Дојче Веле“: Расизмот против муслиманите на дневен ред на Парламентот (Бундестагот) во Германија.

Германскиот весник„Франкфуртер Рундшау“: Јужноафриканската мутација на новиот тип коронавирус (Ковид-19) пристигна во Германија. На дневен ред на германската канцеларка Ангела Меркел се наоѓа продолжувањето на ограничувањата.

Германскиот весник „Зудојче Цајтунг“: Интензивни критики против прекинот на предвидената финансиска помош поради пандемијата на Ковид-19 во Германија.

Арапскиот весник Ал Кудс Ал Араби“ кој се објавува во Лондон:Дали Европа која задоцни во производството ќе купи турски наоружани беспилотни летала (СИХА)?

Арапскиот весник Ал Кудс Ал Араби“ кој се објавува во Лондон: Американскиот претседател Доналд Трамп упатува повик за „мир и спокојство“ во земјата.

Катарскиот весникАл Раја Ал Катарија: Тунис утре ќе ја прослави 10 годишнината од соборувањето на режимот на Зејнел Абидин Бин Али, настан до којшто дојде по големата народна револуција.

Францускиот весникЛе Фигаро“: WatsApp се обидува да им влее доверба на своите корисници по прашањето на тајноста на податоците.

Белгискиот весникЛе Суар“: Вакцината на Модерна ќе почне да се применува во Белгија почнувајќи од наредната недела.

Францускиот весникЛе Паризиен“: По Твитер и Фејсбук, е блокирана сметката на Трамп и од страна на Јутјуб кој крена од употреба едно негово видео поради неговата содржина од „ризик од насилство“.

Шпанскиот весник „Ла Вангардија“: Во Шпанија пристигнаа првите дози на вакцината на Модерна.

Шпанскиот весник „Ел Мундо“: Третиот бран на епидемија го зголемува стравот кај здравствениот систем: Никако не опаѓаат новите случаи на Ковид-19 во болниците.

Кубанската новинска агенција „Пренса Латина“: Венецуелската нафтена компанија „Петролеос“ планира во текот на 2021 година производството на сурова нафта да го зголеми на дневно 1,5 милиони барели.

Руската новинска агенција „РИА Новости“:  Државниот секретаријат на Соединетите Американски Држави (САД) ги предупреди европските компании по прашањето на ризикот дека би можеле да бидат подложени на санкции поради помошта што и ја даваат на Русија во изградбата на гасоводот Северен тек-2.

Руската новинска агенција „ТАСС“: Претседателот на Турција Реџеп Тајјип Ердоган во вторникот отвори сметка на апликацијата Телеграм. Уште од сега бројот на следбеници надмина над 100 илјади.

Рускиот весник „Известија“:  Новиот претседател на Казахстан Садир Џапаров рече дека ќе продолжи стратешкото партнерство на неговата земја со Русија.

 



Слични вести