Странски печат 11.01.2021

Еве ги позначајните наслови во странските средства за информирање...

1561144
Странски печат 11.01.2021

Францускиот весникЛе Паризиен“: Во градот Марсеј во Франција кај 8 лица е регистрирана мутирана варијанта на Ковид-19 којшто се шири побрзо и кој претходно е регистриран во Велика Британија. Градоначалникот на Марсеј рече: „Почнувајќи од овој момент секоја минута е значајна.“

Францускиот весникЛе Монд“: Алжирскиот претседател Абдулмеџид Тебун се врати во Германија за лекување.

Францускиот телевизиски каналФранс 24“:Каде се наоѓа во трката за вакцинација континентот Африка кадешто бројот на случаите на инфектирани од новиот тип коронавирус (Ковид-19) изнесува над 3 милиони лица.

Катарскиот весникАл Раја Ал Катарија:Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган рече дека компромисот меѓу Заливските земји претставува аирлија (добар) и позитивен чекор од аспект на регионот.

Оманскиот весникВатан“:Катар и Саудиска Арабија денеска ги започнуваат меѓусебните авионски летови.

Оманскиот весникВатан“:Бахреин донесе одлука за повторно започнување на авионските летови за Катар.

Германскиот информативен сервис „Дојче Веле“: По упадот во Конгресот во Соединетите Американски Држави (САД) до којшто дојде неодамна, Германија ги зголемува безбедносните мерки во зградата на Парламентот, Бундестагот.

Германскиот информативен портал „Welt.de“:  Миграцијата кон Германија - И покрај коронавирусот во 2020 година се поднесени 103 илјади барања за азил.

Шпанскиот весник „Ел Паис“:Постигнатиот договор помеѓу Шпанија и Велика Британија за Гибралтар предвидува рушење (кревање) на сите бодликави жици и физички граници помеѓу двете региони.

Шпанскиот весник „Ел Мундо“:Прекумерните студови и снежните виулици коишто се забележуваат во областите со висока надморска височина во Шпанија почнаа да им се закануваат и на внатрешните делови.

Венецуелскиот весник „Ел Национал“:Венецуела почнувајќи од понеделникот се подготвува да ги доведе во пофлексибилна состојба мерките и правилата за карантин за Ковид-19.

Рускиот информативен портал „Lenta.ru“:  Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган се откажа од користење на „WhatsApp“ поради промената во политиката на тајноста на информациите.

Рускиот весник „Комерсант“:  Во Русија е утврден првиот случај на мутирана варијанта на „коронавирусот во Велика Британија.

Рускиот информативен портал „Gazeta.ru:Рускиот претседател Владимир Путин разговараше со францускиот претседател Емануел Макрон за состанокот којшто планира да го оствари со лидерите на Азербејџан и Ерменија.

 



Слични вести