Странски печат 29.12.2020

Еве ги позначајните наслови во странските средства за информирање...

1553841
Странски печат 29.12.2020

Францускиот весникЛиберасјон“: Ковид-19: Францускиот министер за здравство Оливие Веран во случај на влошување на ситуацијата говореше за можност од воведување на трет карантин.

Белгискиот весникЛе Суар“: Белгија без некој поголем проблем ја започна акцијата за вакцинација против коронавирусот.

Францускиот телевизиски каналФранс 24“:Фудбалската ѕвезда на Париз-Сен Жермен Нејмар точно во средината на пандемијата приредува огромна новогодишна прослава во Бразил.

Арапскиот весникАл Кудс Ал Араби“ кој се објавува во Лондон:(Претседателската палата на Франција) Елисејската палата соопшти дека во понеделник загинаа тројца француски војници на задача во Мали (земја во Африка).

Катарскиот весникАл Раја Ал Катарија:Русија испрати воена поддршка во областа Ајн Иса во Сирија.

Катарскиот телевизиски каналАл Џезира“:Франција го повика Хафтар (Халифа во Либија) да избегнува од повторување на непријателски работи и да се фокусира на политичкото решение.

Германскиот информативен сервис весник „Дојче Веле“: Турција и Велика Британија потпишуваат Договор за слободна трговија. Тоа ќе биде петтиот најголем трговски договор што ќе го потпише Велика Британија.

Германскиот информативен портал „RP-online.de: Претседателот на Светската асоцијација на лекари (Франк Улрих) Монтгомери рече дека за „имунитет на стадо“ во Германија има потреба од 100 милиони дози вакцина.

Германскиот информативен порталHandelsblatt.com“: Во годишниот извештај на „CEBR“ (Центар за економија и деловни студии со седиште во Велика Британија) прогнозира дека кинеската економија ќе излезе зајакната од кризата со коронавирусот и во 2028 година престигнувајќи ги Соединетите Американски Држави (САД) ќе стане најголема економија на светот.

Шпанскиот весник „Ел Паис“:Предводниците на „RNA“ (Рибо-нуклеарната киселина) сега истражуваат вакција против 30 различни инфекции.

Кубанската новинска агенција „Пренса Латина“: Бразил потврди дека вакцината Фазјер/БиоНТек (Pfizer/BioNTech) се применува на добар начин.

Рускиот весник „Известија“:  Заменик руската премиерка Татјана Голикова рече дека граѓаните во првиот квартал на 2021 година ќе можат да направат избор меѓу вакцините против Ковид-19.

Руската информативна агенција „ТАСС“:  Извозот на житарици од Русија во 2020 година оствари раст од 20 отсто.

Руската новинска агенција „РИА Новости“: Компанијата „Nord Stream-2“ го заврши поставувањето на делот од 2,6 километри на цевоводот „Северен тек-2“ којшто се наоѓа во ексклузивната економска зона на Германија во Баренцовото Море.

 



Слични вести