Странски печат 23.12.2020

Еве ги позначајните наслови во странските средства за информирање...

1550392
Странски печат 23.12.2020

Францускиот телевизиски каналФранс 24“:Франција ќе им издаде дозвола за влез во земјата на патниците кои доаѓаат од Велика Британија и декларираат дека имаат негативен тест на Ковид-19.

Францускиот весникЛе Паризиен“: Судиите во Франција побараа да биде пуштен на ослобода полициските службеници кои беа уапсени откако го претепаа музичкиот продуцент од африканско потекло Мишел Зеклер.

Германскиот информативен портал „Bild.de: Како што се истакнува кај коронавирусот којшто мутирал се забележани 23 генетски промени.

Германскиот информативен сервис весник „Дојче Веле“: И Африка се соочува со опасност од вториот бран на коронавирусот.

Германскиот информативен порталSpiegel.de“: Во Германија е забранета пордажбата на пиротехнички средства за новогодишните прослави.

Катарскиот информативен сервисАл Џезира“:Вашингтон спроведува нови санкции против некои лица поединци и институции меѓу кои се наоѓа и Есма Асад, сопругата на сирискиот претседател Бешар Асад.

Катарскиот весникАл Раја Ал Катарија:Генералното собрание на Обединетите нации ја усвои одлуката за траен суверенитет на палестинскиот народ на окупираните палестински територии, вклучувајќо го и Источен Ерусалим (Кудс).

Арапскиот весникАл Кудс Ал Араби“ кој се објавува во Лондон:Претседателката на Претставничкиот дом на Соединетите Американски Држави (САД) Ненси Пелоси рече дека ќе го извлече Трамп (американскиот претседател Доналд) од Белата куќа влечејќи го за косата.

Шпанскиот весник „Ел Паис“:Новата варијанта на коронавирусот дури и почна да се шири во Европа.

Шпанскиот весник „Ла Вангардија“:Ако затреба „БионТек“ во рок од 6 месеци би можел да развие вакцина за новата варијанта на коронавирусот.

Аргентинскиот весник Инфобае“:Перу го искачи на максимално ниво системот на епидемиолошка будност и ги затвори плажите поради растечкото ширење на коронавирусот.

Руската новинска агенција „РИА Новости“: Рускиот претседател Владимир Путин го потпиша законот со којшто им се дава гаранција за имунитет на поранешните претседатели.

Рускиот информативен портал „Gazeta.ru“:  Рускиот претседател Владимир Путин и францускиот претседател Емануел Макрон во остварениот телефонски разговор го разгледаа интензивирањето на контактите по прашањето на производство на вакцина против Ковид-19.

Рускиот информативен портал „РТ“:  Во Русија не е забележана мутираната варијанта на коронавирусот којашто е регистрирана во Велика Британија.



Слични вести