Странски печат 21.12.2020

Еве ги позначајните наслови во странските средства за информирање...

1548975
Странски печат 21.12.2020

Арапскиот весникАл Кудс Ал Араби“ кој се објавува во Лондон:Израелската воздухопловна компанија Ел-Ал во вторник ќе го реализира својот прв лет за Мароко.

Катарскиот весникАл Раја Ал Катарија:Напад со ракета во близина на Амбасадата на Соединетите Американски Држави (САД) во главниот град на Ирак, Багдад.

Германскиот информативен сервис весник „Дојче Веле“: Светската здравствена организација (СЗО) ги повика европските земји да го заострат мерките за спречување на ширењето на новиот вид на коронавирусот (Ковид-19). Организацијата соопшти дека новиот вид на вирусот Ковид-19 освен во Велика Британија е забележан во Данска, Холандија и Австралија.

Германскиот информативен портал „Zeit Online: Германија синоќа по полноќ донесе забрана за летовите од Велика Британија.

Германскиот весник„Франкфуртер Алгемајне“: Германскиот министер за здравство Јенс Шпан рече дека досега во Германија не е регистриран новиот вид на коронавирусот (Ковид-19).

Шпанскиот весник „Ел Паис“: Европа поради страв од новиот вид на коронавирусот што се појави во Велика Британија, донесе неколку одлуки за да се одбрани. Станува збор за ограничување на патувањата за Велика Британија.

Шпанскиот весник „Ел Мундо“:Во Мексико се уште се трага по приближно 80 илјади лица кои се водат како исчезнати.

Венецуелскиот телевизиски канал ТелеСур“:Венецуелскиот претседател Николас Мадуро во недела испрати новогодишна порака во која истакна дека венецуелскиот народ има единствен пат: Мир и компромис.

Рускиот весник „Известија“:  Во Казахстан започна производството на руската вакцина „Спутник В“.

Руската новинска агенција „ТАСС“:  Рускиот министер за нергија Александар Новак и иранскиот министер за нафта Намдар Зенгене денеска ќе одржат средба на која ќе разговараат за најновата ситуација на нафтените берзи.

Руската новинска агенција „РИА Новости“: Општественото Собрание за земјоделски развој, како организација во склопот на Владата, поради порастот на цените на основните прехбранбени производи во Русија предложи да се издаваат бонови за храна за сиромашните.

Францускиот весник „Ле Фигаро“:По одобрението во Европа ќе биде започната голема акција за вакцинирање против Ковид-19.

Францускиот весникЛиберасјон“: Поради новиот вид на коронавирусот којшто мутирал, Франција го суспендира транспортот (патувањето) со Велика Британија.

 



Слични вести