Странски печат 15.12.2020

Еве ги позначајните наслови во странските средства за информирање...

1545819
Странски печат 15.12.2020

Германскиот информативен сервис „Дојче Веле“: Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер, пред целосното затворање на коешто ќе се оди во земјата почнувајќи од среда, ги предупреди граѓаните по прашањето на сериозноста на ситуацијата со епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19). Штајнмаер рече дека постои ризик епидемијата да излезе од контрола во земјата.

Германскиот весник „Зудојче Цајтунг“: Соединетите Американски Држави (САД) ја започнаа најголемата акција за вакцинација во својата историја..

Германскиот весник „Франкфуртер Алгемајне“: Зошто Европската унија (ЕУ) ја испитува подетално вакцината? Додека другите земји набрзина ја одобрија вакцината на „БионТек“, тоа станува причина за критики во Германија. Германскиот министер за здравство Јенс Шпан за одговорна за тоа ја прогласи Европската агенција за лекови (ЕМА).

Шпанскиот весник „Ел Мундо“:Во главниот град Мадрид една жена на 104 годишна возраст по 14 дена го победи Ковид-19 и е отпуштена од болница.

Мексиканскиот весник „Ел Универзал“:Според едно истражување „Зошто некои луѓе болеста ја пребродуваат потешко?“, нашите гени даваат знаци во врска со влијанието на болеста Ковид-19 врз нашето тело.

Чилеанскиот весник Ла Терцера“:Услугите на каналите Јутуб (YouTube), Гмаил (Gmail) и Гугл (Google) коишто беа подложени на прекини за кусо време, се вратија во нормала.

Францускиот весникЛе Фигаро“:Според 55 отсто од Французите, премиерот Жан Кастекс не е „надлежен“.

Францускиот телевизиски каналФранс 24“: Францускиот претседател Емануел Макрон соопшти дека ќе се одржи референдум за внесување на борбата против климатските промени во Уставот.

Францускиот весникЛе Паризиен“: Алжирскиот претседател Амдулмеџид Тебун кој се наоѓа на лекување од Ковид-19 во Германија и се заблагодари на германската канцеларка Ангела Меркел.

Катарскиот информативен сервис „Ал Џезира“:Изборниот колегиум официјално потврди: Џо Бајден 46. претседател на Соединетите Американски Држави (САД).

Катарскиот информативен сервис „Ал Џезира“:Судан, официјално надвор од терористичкиот список на Соединетите Американски Држави (САД).

Јорданскиот весник „Ал Дустур“:Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), го започнаа процесот за вакцинација против Ковид-19 во земјата со кинеска вакцина.

Руската информативна агенција „ТАСС“:Во пожар што избувна во еден приватен дом за стари лица во областа Башкурдистан во Русија животот го загубија 11 лица.

Рускиот весник „Комерсант“: Реализирана размена на заробеници помеѓу Азербејџан и Ерменија.

Рускиот информативен портал „Lenta.ru“:Патничкиот авион произведен во Русија кој се нарекува „авион на 21. век“  за прв пат полета со мотор поризведен во Русија.

 



Слични вести