Странски печат 11.12.2020
Еве ги позначајните наслови во странските средства за информирање...

Арапскиот весник „Ал Кудс Ал Араби“ кој се објавува во Лондон:Јорданскиот крал Абдулах втори : „Никако и никако нема да се воздржуваме од одбрана на светоста, идентитетот и историјата на Ерусалим (Кудс).“
Катарскиот информативен сервис „Ал Џезира“:Англискиот информативен веб сајт „Блискоисточно око- Middle East Eye“: Израел со убиството на иранскиот научник Мухсин Фахризаде се обиде да го вовлече Иран во војна... Но досега беше неуспешен.“
Катарскиот информативен сервис „Ал Џезира“:Турција одговори на можноста од санкции: „Јазикот на закана нема да вреди.“
Јорданскиот весник „Ал Дустур“:Ирачкиот премиер Мустафа Ал Ќазими води иницијатива на обемен национален дијалог за создавање погодна средина за одржување на предвремени избори догодина.
Германскиот информативен сервис „Дојче Веле“: Германската канцеларка Ангела Меркел привлече внимание дека поради пандемијата се доживува конкуренција и промена на рамнотежите на сила помеѓу политичките системи во светот.
Германскиот весник „Зудојче Цајтунг“: На Лидерскиот самит на Европската унија (ЕУ) е надмината кризата за буџетот.
Шпанскиот весник „Ел Паис“:Шпанскиот премиер Педро Санчез се противи на започнувањето на дискусиите во врска со монархијата.
Шпанскиот весник „Ел Мундо“:Поранешниот шпански крал Хуан Карлос први ја изрази својата желба да се врати назад во Шпанија во новата година, а како што рече доколку неговиот син кралот Фелипе шести го прифати тоа.
Венецуелскиот телевизиски канал „ТелеСур“:Кубанскиот претседател Мигуел Диаз-Канел нагласи дека со економскиот план што ќе го стават во примена почнувајќи од 1 јануари 2021 година имаат за цел да се постигне економски раст и продуктивност.
Рускиот информативен портал „Gazeta.ru“:Секретаријатот за финансии на САД воведе санкции против претседателот на Чеченија (во склопот на Русија) Рамиз Кадиров, а со образложение дека ги прекршува човековите права.
Руската новинска агенција „Регнум“: Руското министерство за одбрана соопшти дека преку интернет се води кампања на зацрнување против вакцината против коронавирусот којашто е произведена во земјата.
Рускиот весник „Известија“: Кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји рече дека Кина и Русија се две земји кои постигнуваат глобална стабилност во последно време.
Францускиот весник „Ле Монд“: Француската Влада која вели дека не заврши вториот бран ги соопшти новите здравствени мерки.
Францускиот телевизиски канал „Франс 24“: Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ја дочекува позитивно нормализацијата со Мароко, додека Хамас вели дека тоа претставува „политички грев“.
Францускиот весник „Ле Фигаро“: По изјавите на францускиот претседател Емануел Макрон особено по прашањето на контролите, полицијата одржа протест во Стразбур.
Слични вести

Странски печат 22.04.2021
Еве некои позначајни случувања за кои известуваат странските средства за информирање