Странски печат 07.12.2020

Еве ги позначајните наслови во странските средства за информирање...

1540787
Странски печат 07.12.2020

Германскиот информативен сервис весник „Дојче Веле“: Турција ги проширува своите активности за дупчење (сондажа) во Црното Море.

Германскиот информативен портал „Tagesshau.de: Владата на покраината Баварија поради растот во бројот на случаите на новиот тип коорнавирусот (Ковид-19) повторно прогласи итна состојба. Почнувајќи од 9 декември ќе се применуваат ограничувања за излегување на улица (движење).

Германскиот информативен портал Finanzen.net“: Лафтханза, најголемата авиокомпанија на Германија, која здоби тежок удар од пандемијата на коронавирусот, до крајот на годината планира да отпушти од работа 29 илјади лица.

Јорданскиот весникАл Дустур:Кувајтскиот емир, по објавувањето на изборните резултати ја прифати оставката на владата.

Јорданскиот весник „Ал Дустур“:Џо Бајден, кој е избран за нов претседател на Соединетите Американски Држави (САД), официјално го загарантира мнозинството на изборите. Актуелниот претседател Доналд Трамп продолжува да го негира поразот.

Катарскиот весникАл Раја Ал Катарија:Ирачката армија: Нема да го дозволиме присуството на било каква воена или невоена сила во Синџар.

Шпанскиот весник „Ла Вангардија“:Логистички предизвик - За дистрибуција на вакцината против Ковид-19 во светот треба да се реализираат 15.000 летови.

Шпанскиот весник „Ел Паис“:Поранешниот претседател на Уругвај Табаре Васкeз почина на 80 годишна возраст. Беше првиот левичарки претседател во историјата на земјата.

Венецуелскиот телевизиски канал ТелеСур“:Парламентарните избори во Венецуела ги добива Партијата ГПП (Gran Polo Patriótico).

Рускиот информативен портал „Lenta.ru“:Сите патници на авионот Њујорк-Москва беа задржани на аеродромот „Џон Кенеди“. Генералниот конзулат на Руската Федерација информира дека задржувањето и извршениот претрес беа реализирани со сомневање за подметнување експлозив во авионот.

Рускиот весник „Комерсант“:  За два пати е намален делот на руските компании меѓу најголемите производители на оружје.

Руската новинска агенција „ТАСС“: Воените авиони на САД во текот на 2020 година повеќе од десет пати се доближија до западните граници на Русија.

Францускиот весникЛе Монд“: Лондон и Брисел кои се наоѓаат на работ на провалијата, ги продолжуваат преговорите за Брегзит за да се спречи евентуалниот излез „без договор“.

Францускиот телевизиски каналЛе Фигаро“:Ковид-19: Франција се наоѓа многу далеку од поставената цел од страна на Владата за 5 илјади дневни случаи.

Францускиот телевизиски каналФранс 24“: Голем број граѓански организации протестираа против поставувањето на црвен тепих пред египетскиот претседател Абдулфетах Ал Сиси во Франција.



Слични вести