Странски печат 01.12.2020
Еве ги позначајните наслови во странските средства за информирање...

Германскиот весник „Ханделсблат“: Турската економија во третиот квартал од годината оствари раст од 6,7 отсто.
Германскиот информативен сервис весник „Дојче Веле“: Во Европската унија (ЕУ) и Соединетите Американски Држави (САД) се доближува денот за вакцинација против коронавирусот.
Германскиот информативен портал „Ard.de“: Германскиот министер за здравство Јенс Шпан нагласува дека пред новата година треба да се намали бројот на случаите на новиот тип коронавирус (Ковид-19).
Арапскиот весник „Њу Сабах“: Турскиот претседател Ердоган: „Со рускиот претседател Владимир Путин разговарав за напорите за проширување на поддршката за мир во Нагорно Карабах.“
Алжирскиот весник „Ал Ватан“:Еден руски научен центар се надева дека во 2021 година ќе заврши пандемијата на Ковид-19.
Палестинскиот весник „Ал Ајам“:Европската унија (ЕУ) им доставува помош од 9,27 милиони евра на болниците во Ерусалим (Курдс).
Францускиот весник „Ле Паризиен“: Илегалните бегаства преку Ла Манш: Во понеделникот се спасени 120 нерегуларни мигранти (бегалци).
Францускиот весник „Ле Монд“: Францускиот министер за внатрешни работи Жерал Дерманен во говорот што го одржа пред пратениците призна дека постојат „грешки“ и „проблеми“, меѓутоа и покрај тоа ја потврди поддршката на безбедносните сили.
Францускиот телевизиски канал „Ле Фигаро“:Обединетите нации (ОН) упатија повик за рекордна хуманитарна помош за 2021 година во износ од 29 милијарди евра.
Шпанскиот весник „Ел Мундо“:Европската унија (ЕУ) ја демантира Владата во Шпанија по прашањето на екстрадицијата на каталонскиот лидер Карлес Пучдемон: „Ниту една европска институција не побарала од Владата да го реформира законот за бунт против државата.
Шпанскиот весник „Ел Паис“:Шпанското Министерство за здравство соопшти дека кога ќе се направи споредба со другите месеци поради коронавирусот најголем број смртни случаи имаше во месец ноември.
Венецуелскиот весник „ Ел Национал“:Венецуела овој месец го затвори со девалвација од 50,90 отсто.
Рускиот информативен портал „İzvestiya.ru“: Рускиот претседател Владимир Путин достави нацрт со кој се им забранува на службениците во Државната Дума да располагаат со второ (двојно) државјанство.
Руската новинска агенција „Регнум“: Американскиот Државен секретаријат (Пентагон) за обучување на инструкторите на САД сака да купи руски хеликоптери Ми-24.
Рускиот информативен портал „Gazetem.ru“: Русите на прво место по купени недвижнини во Анталија.
Слични вести

Странски печат 18.01.2021
Еве некои позначајни случувања за кои известуваат странските средства за информирање