Странски печат 30.11.2020

Еве некои позначајни случувања за кои известуваат странските средства за информирање

1536698
Странски печат 30.11.2020

 

Катарскиот весник „Ал-Раја“ ја објавува изјавата на претседателот Реџеп Тајип Ердоган кој рече дека  „Ние ќе ја продолжиме нашата борба за воспоставување независна палестинска држава“.

Катарскиот информативен канал „Ал Џезира“ истакнува дека Џералд Кушнер, советникот на американскиот претседател Доналд Трамп, кој ја загуби претседателската трка, презеде последна иницијатива за решавање на кризата во Заливот поради што ги посети Саудиска Арабија и Катар.

Саудискиот весник „Ал-Кудс ал-Араби“ истакнува дека Групата Хути соопшти дека во ракетен напад врз еден камп во регионот Мариб во Источен Јемен загинале 8 војници на Саудиска Арабија.

Белгискиот весник „Ле Суар“ истакнува дека претседателот на Соединетите Американски Држави (САД) Доналд Трамп по поразот во претседателската трка на 3 ноември, во првото интервју рече: „Убедливо победивме на изборите“.

Францускиот меѓународен ТВ-канал „Франс 24“ во веста посветена на смртта на аргентинскиот фудбалер Диего Армандо Марадона истакнува дека лекарот на фудбалската легенда е обвинет за убиство со небрежност.

Францускиот весник „Ле Монд“ истакнува дека во демонстрациите против законот за „Безбедност“ и „Полициско насилство“ што се одржаа во саботата низ Франција, беа повредени 98 жандарми и полицајци.

Германскиот новинарски веб-сајт „dpa“ истакнува дека терористичкиот напад ги засенчи мировните преговори во Авганистан.

Германски „Франкфуртер алгемајне цајтунг“ истакнува дека за време на протестите во Белорусија (по повод претседателските избори одржани на 9 август) беа уапсени над 100 лица.

Германски „Дојче веле“ во веста посветена на Западен Балкан истакнува дека  Црна Гора и Србија меѓусебно ги протераа амбасадорите.

Шпански „Ла Вангуардија“ истакнува дека смртните случаи во болниците се 40 проценти помалку отколку во првиот бран.

Мексикански „Ел Универзал„ еден волонтер од вакцината АстраЗенека изнесе обвинувања дека доживеал сериозни невролошки ефекти по вакцинацијата.

Венецуелскиот ТВ-канал „ТелеСур“  истакнува дека претседателот на Венецуела Николас Мадуро, граѓаните ги повика на 6 декември да гласаат (на парламентарните избори).

Руската новинска агенција „РИА Новости“  истакнува дека Руските вооружени сили отворија полска болница во Ханкенди. Болницата ќе пружа здравствени услуги на мировниците, а истовремено ќе биде отворена и за цивилната јавност.

Рускиот новински портал „Лента.ру“ истакнува дека почна да се бришат уписите на странските студенти кои студираат на руските универзитети, но не можат да се вратат во своите земји поради затворените граници.

Рускиот весник „Комерсант“ истакнува дека за време на пандемијата, 40 проценти од руските граѓани се откажаа од користење готовина.



Слични вести