Странски печат 26.11.2020

Еве некои позначајни случувања за кои известуваат странските средства за информирање

1534569
Странски печат 26.11.2020

 

Францускиот весник „Ле Монд“ во веста во врска со Ковид-19 истакнува дека Франција карантинот во земјата ќе го укине во три фази. Во првата фаза, продавниците во сабота се подготвуваат да ги отворат своите ќепенци.

Францускиот весник „Ле Паризиен“ истакнува „Смртта на Марадона: Пеле, Меси, Роналдо ... фудбалските ѕвезди жалат за „генијалецот“ Диего.

Францускиот ТВ-канал „Франс 24“ истакнува дека секоја година околу 220.000 жени во Франција, трпат семејно насилство.

Аргентинскиот весник „Кларин“ истакнува: „Светот е во жалост: Умре Диего Армандо Марадона. Во четврток (денес), ќе се одржи церемонија во Розовата палата (Аргентинската претседателска палата). На комеморацијата се очекува присуството на над еден милион луѓе.

Мексиканскиот весник „ Ел Универзал“ истакнува: „Американските здравствени власти поради Ковид-19 ги предупредија своите граѓани да не патуваат во Мексико“.

Шпанскиот весник „ABC“ истакнува дека коронавирусот што се шири од една капка од секрецијата во устата, благодарение на заштитниот слој на површината може да егзистира со часови.

Весникот „Елкудс“ истакнува дека Агенција на Обединетите нации за помош на палестинските бегалци (УНРВА) соопшти дека „Основната помош за жртвите на социјално насилство е изложена на ризик поради финансиски дефицит“.

Весникот „Елраја“ истакнува дека со денешниот состанок на стратешкиот комитет меѓу Катар и Турција ќе претседаваат Шеикот Тамим бин Хамад Ал Тани и претседателот Реџеп Тајип Ердоган.

Весникот „Елдустур“ истакнува дека Договорот за слободна трговија го зголеми извозот на Јордан во Соединетите Американски Држави (САД) и дека извозот на јорданските производи сочинуваат 23%.

Германски „Tagesschau.de“ истакнува дека Европската комисија (ЕК) постигна договор за испорака на 160 милиони дози вакцини со американската компанија Модерна, која се подготвува да добие одобрение за вакцината против коронавирусот.

Германски „Дојче веле“ истакнува дека „Возачот што удри во вратата на зградата на Владата во Берлин има криминално досие“.

Руската новинска веб-страница „РБК“ истакнува дека Гувернерот на Москва Сергеј Собјанин мерките против коронавирусот ги продолжи до средината на јануари.

Руската новинска веб-страница „Лента.ру“ истакнува дека САД се подготвуваат да воведат нови санкции против руското Министерство за одбрана.

Весникот „Известија“ истакнува дека „Руските мировници го рестартираа јавниот превоз во Нагорно Карабах, а исто така почна непрекината дистрибуција на вода и електрична енергија на градовите.



Слични вести