Странски печат 25.11.2020

Еве ги позначајните наслови во странските средства за информирање...

1533932
Странски печат 25.11.2020

Арапскиот весникЊу Сабах:Американското производство поради променетите енергетски стратегии се соочува со закана да изгуби милиони барели нафта.

Катарскиот весник „Ал Раја Ал Катарија“:  Катар, остро ги осуди двата напади во Авагнистан.

Јорданскиот весникАл Дустур:  Јорданското министерство за надворешни работи подвлече дека одбива да го промени статусот на Месџид-и Акса.

Германскиот информативен портал „spiegel.de“: Во Германија се планираат нови корона мерки пред Божиќ и Новата година.

Германскиот информативен сервис „Дојче Веле“: Францускиот претседател Емануел Макрон: „Најлошото го оставивме зад нас.“ Макрон истакна дека ќе се оди на олабавување во мерките против коронавирусот.

Германскиот информативен портал „Fokus.de: Во Германија продолжува да расте бројот на регистрираните случаи на зараза од коронавирусот.

Шпанскиот весник „Ел Паис“:Во Шпанија поради пандемијата за прв пат во историјата се намали бројот на пензионираните.

Шпанскиот весник Ел Мундо“:Плановите на Мадрид (главниот град на Шпанија) за Божиќ: Вечерите пред Божиќ и за Новата година се ограничени со 10 лица, забраната за излегување на улица (движење) ќе важи од 01:30 часот по локално време.

Аргентинскиот весник „Инфобае“:Хуан Гуаидо (кој самиот се прогласи за привремен претседател во Венецуела), мисли дека Џо Бајден (новоизбраниот претседател на САД) ќе ја продолжи политиката на максимален притисок против управата на Николас Мадуро (претседателот на Венецуела).

Францускиот весникЛе Монд“: Францускиот претседател Емануел Макрон го соопшти трофазниот план за враќање на животот во нормала.

Францускиот телевизиски каналФранс 24“:Франција: Почнувајќи од крајот на декември ќе започне вакцинирањето против Ковид-19, но тоа нема да биде задолжително.

Белгискиот весникЛе Суар“: Во Европа полека се олабавуваат мерките против коронавирусот, во Белгија пак не станува збор за олабавување.

Рускиот информативен портал „Lenta.ru“:  Соединетите Американски Држави (САД), во рамките на Договорот за спречување на ширењето на нуклеарното оружје почнаа да применуваат санкции против три руски копании.

Рускиот весник Известија“:  Руската влада на здравствените работници кои се борат против Ковид-19 ќе им исплати 10 милијарди рубљи.

Руската  новинска агенција „РИА Новости“:  На Руското Министерство за одбрана во согласност со постигнатиот договор во 2015 година му се предадени 50 воени авиони од типот „Су-35С“.



Слични вести