Странски печат 24.11.2020

Еве некои позначајни случувања за кои известуваат странските средства за информирање

1533527
Странски печат 24.11.2020

 

Германската медиумска компанија „Дојче веле“ истакнува дека Министерството за надворешни работи на Турција соопшти дека на амбасадорите на ЕУ, Италија и привремениот вршител на должноста амбасадор на Германија во Анкара им врачи нота поради запирањето на турскиот брод Розелина-А пред крајбрежјето на Либија.

Германски „Spiegel.de“ истакнува дека германската фрегата „Хамбург“ (спротивно на меѓународното право) го запре турскиот товарен брод и изврши претрес кој траеше со часови.

Германски „Tagesschau.de“ истакнува дека германскиот министер за здравство (Јенс Шпан) изрази надеж дека по издавањето на дозволите и одобренијата, во декември ќе започнат со вакцинација.

 

Весникот „Ал-Кудс Ал-Араби“ истакнува дека Џо Бајден кој победи на претседателската трка во Соединетите Американски Држави (САД), палестинската активистка Рима Дудин ја назначи на висока позиција во Белата куќа.

Катарската медиумска куќа „Ал Џезира“ истакнува дека НАТО и Европската унија (ЕУ) го повикуваат Бајден да ги обнови односите.

Катарскиот весник „Ал-Раја“ истакнува дека Фондот за деца на Обединетите Нации (УНИЦЕФ) соопшти дека во рамките на борбата против Ковид-19, на почетокот на идната година со огромна операција ќе дистрибуира приближно 2 милијарди дози вакцини на сиромашните земји.

Шпанскиот весник „Ел Паис“ истакнува дека острите и драстични мерки кои беа преземени против против коронавирусот (во Шпанија), го запреа вториот бран на инфекции.

Шпанскиот весник „Ел Мундо“ истакнува дека според резултатите од една студија спроведена во Шпанија, помала е веројатноста на луѓето со алергиска астма да се разболат од коронавирус.

Аргентинскиот новински веб портал „ Инфобае“ истакнува дека венецуелската нафта се наоѓа под ризик да стане најголемото изгубено богатство во историјата.

Француски „Ле Монд“ истакнува дека бегалскиот камп лоциран под Статуата на Републиката во Париз од страна на безбедносните сили беше насилно евакуиран.

Француски „Ле Фигаро“ истакнува дека американскиот претседател Доналд Трамп запали зелено светло за пренесување на власта во САД.

Францускиот меѓународен телевизиски канал „Франс 24“ истакнува дека на почетокот на декември се укинува новиот општ карантин во Велика Британија.

Руската новинска агенција „ТАСС“ истакнува дека како резултат на експлозијата на една мина во Нагорно Карабах, загина еден офицер на вооружените сили на Азербејџан, а беше повреден еден руски мировник.

Руската новинска агенција „Риа Новости“ истакнува дека Руското Министерство за одбрана соопшти дека во Нагорно Карабах започнале активности за расчистување на мини.

Руски „Лента.ру“ истакнува дека според претпоставките, ќе дојде до намалување на извозот на нафта и природен гас од Русија во Европа.



Слични вести