Странски печат 23.11.2020
Еве ги позначајните наслови во странските средства за информирање...

Германскиот информативен портал „zdf.de“: Германската канцеларка Ангела Меркел во говорот што го одржа на Самитот на Г-20 побара поддршка да се обезбеди сите земја да имаат достап до вакцината против новиот тип коронавирус (Ковид-19) по поволна цена.
Германскиот информативен сервис „spiegel.de“: Коалиционите партнери во Германија постигнаа согласност да се воведе задолжителна квота за жените во раководствата на големите компании.
Германскиот информативен портал „ard.de“: Вакцинирањето против новиот тип коронавирус (Ковид-19) во Соединетите Американски Држави (САД) се предвидува да започне во декември.
Шпанскиот весник „Ел Паис“: Шпанскиот премиер Педро Санчез рече: „Првите вакцини против новиот тип коронавирус (Ковид-19) кои пристигнаа во Шпанија ќе се применуваат во 13.000 здравствени центри“.
Шпанскиот весник „ Ел Мундо“: На протестот што се одржа во Мадрид во неделата беше протестирано против реформата во образованието којашто е соопштена од страна на Владата.
Венецуелскиот телевизиски канал „ТелеСур“: Венецуелскиот претседател Николас Мадуро соопшти дека добиените извонредни резултати од методите коишто се користат во борбата против Ковид-19 ќе и обезбедат безбедна флексибилност на Венецуела во текот на декември.
Арапскиот весник „Ал Кудс Ал Араби“: АмериканскиотдржавенсекретарМајкПомпео рече: „Катар е значаен партнер за воспоставувањето на мирот во Авганистан“.
Јорданскиот весник „Ал Дустур“: Протестите против израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху продолжуваат во 23-тата недела.
Јорданскиот весник „Ал Дустур“: Светската здравствена организација (СЗО) издаде предупредување за трет бран на коронавирусоот во Европа во почетокот на 2021 година.
Катарскиот весник „Ал Раја Ал Катарија“: Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган упати повик до Европа да ги исполни своите дадени ветувања кон Турција.
Францускиот весник „Ле Монд“: Францускиот претседател Емануел Макрон ќе ги олабави правилата за карантин.
Францускиот весник „Ле Фигаро“: По забраната на мисите во црквите во Франција се зголемуваат поплаките и протестите.
Францускиот телевизиски канал „Франс 24“: Во судскиот процес „прислушкување“ поранешниот француски претседател Николас Саркози ќе се појави пред суд.
Руската новинска агенција „РИА Новости“: Белорусија ќе ги прошири санкциите кон Европската унија (ЕУ).
Рускиот весник „Известија“: Во текот на оваа недела ќе биде соопштена цената на вакцината „Спутник В“ која е произведена во Русија.
Рускиот информативен портал „Lenta.ru“: Русија жали поради тоа што Соединетите Американски Држави (САД) се повлекоа од Договорот за отворено небо и смета дека без САД овој документ може да се укине.